5 изненадувачки секојдневни навики кои ни го скратуваат животниот век
Сите сме свесни и знаеме дека навиките како што се пушење цигари и прекумерна консумација на алкохол ни го скратуваат животниот век, но дали некогаш сте помислиле дека и прекумерното консумирање на сол може драстично да се одрази врз вашето здравје?
Дали сте знаеле дека и грицкањето на ноктите може да скрати неколку години од вашиот живот? Кога јадеме, колку спиеме, колку сме активни и што јадеме се само дел од секојдневните навики кои ни го скратуваат животниот век.
Секако дека нема директно да влијаат на животот, но секоја навика прави по малку лошо, а кога ќе се спојат сите тие, секојдневно...си го прават своето на долгорочен план.
Кои се секојдневните навики кои ни го скратуваат животниот век, а не сме ни свесни за нивното влијание?
Прескокнувањето на појадокот
Не се вели напразно дека појадокот е најважниот оброк во денот. Со самото прескокнување на појадокот вашето тело ќе има желба и потреба да внесе повеќе калории во текот од остатокот од денот.
Сето ова доведува до зголемување на килажата, која пак доведува до поголем ризик од срцеви заболувања.
Прекувременото седење на стол
Доколку работите работа која вклучува седење на стол 8 часа, а во моментот кога ќе си дојдете дома не правите ништо друго освен што лежите пред телевизорот и постојано грицкате, оваа навика може да ви наштети многу.
Затоа, доколку сте на таква работна позиција трудете се надвор од работното време да извршувате што е можно повеќе активности кои го размрдуваат телото и вклучуваат активација на мускулите.
Премногу или па премалку сон
Сите секогаш зборуваме дека кратењето од ноќниот сон не е добро за нашето здравје, но забораваме да споменеме дека и спиењето повеќе од 10 часа не се отсликува добро врз нашето здравје.
Затоа најдобро е да се придржуваме до златното правило кое вели дека 7 до 8 часа сон ни се доволни за продуктивно да го поминеме денот.
Прекумерното консумирање на сол
Прекумерното консумирање на сол може да ја наруши работата на бубрезите, па затоа добро е да избегнуваме да ја пресолуваме храната која ја консумираме секојдневно.
Исто така се препорачува и да се намали на минимум грицкањето на солени грицки, затоа што и тие содржат многу сол во нив.
Грицкањето на ноктите
Доколку мислите дека грицкањето на ноктите може да ви наштети само врз убавината на вашите нокти, тогаш сте во голема заблуда.
Преку грицкањето на ноктите се внесуваат многу бактерии во организмот кои можеби и не се многу штетни, но кога таа навика се повторува секојдневно, тогаш настанува проблем.
Од грицкањето на нокти дури може да се добие и сепса, која е вид труење на крвта.
Т. Ѓ. | Црнобело