8 трикови одобрени од докторите кои ќе ве спасат во сезоната на настинки
Секој од нас си има свои трикови како да се заштити од настинките и вирусите кои владеат периодов, но само неколку од нив се одобрени од докторите.
Па, ако се прашувате дали докторите попрво би пиеле чај или би јаделе сладолед во есен и зима, верувајте дека ќе се изненадите од одговорот.
1. Топлите пијалаци не ги убиваат бактериите, а ладниот сладолед, спротивно од убедувањата, помага кога сте болни.
Во случај да сакате да направите „дезинфекција“ на болното грло, најдобро е тоа да го направите со ладен сладолед, кој создава студена средина на која бактериите не може да се размножуваат, а студенилото ги намалува отокот и болката.
2. Носете втор пар чорапи
Во време на вируси и бактерии многу е важно да бидете стоплени.
Во спротивно, имунолошкиот систем ви опаѓа, па додека бактериите го напаѓаат, наместо да се одбрани, телото ќе има за цел да пумпа повеќе крв за да ви го затопли студениот дел од телото.
3. Користете правилни маски за заштита од вируси
Медицинските маски се различни. Па, кога купувате двострана медицинска маска, запомнете го следново:
Ако сте болни и не сакате да ги заразите другите, треба да ја носите маската со обоената страна нанадвор. Доколку сте здрави, но сакате да се заштитите од бактериите во околина, носете ја маската со белата страна нанадвор.
4. Двојно повеќе внимание посветете им на забите
Лошото здравје на забите и несоодветната нега ви ги зголемуваат шансите за настинка.
Важно е да ги следите следниве неколку правила:
- Мијте ги забите 2-3 пати дневно.
- Користете течност за плакнење на устата.
- Користете интердентални четки за тешко достапните места.
- Чистете ги забите на забар на секои 6 месеци.
- Негувајте ги и непцата со специјални пасти.
5. Одете на терапевтска масажа
Професионалната масажа ја зголемува циркулацијата на крвта и ја подигнува температурата на телото, со што му помага на имунитетот полесно да се избори со вирусите.
6. Користете гел против бактерии за телефонот и компјутерот, но рацете мора да ги миете со сапун
Во ред е да користите антибактериски гелови за да ги исчистите нечистите површини, но рацете задолжително треба да ги миете со сапун и топла вода повеќепати во денот.
7. Попладне најдете време за дремка, навечер опуштете ги мускулите
Во текот на попладнето, докторите препорачуваат да најдете време за кратка пауза и дремка од 20-30 минути, додека пред да одите на спиење може да практикувате медитација која ги опушта мускулите и мозокот.
8. Стандардното правило – внимавајте што јадете
Грижете се чинијата да е што пошарена и побогата со храна со витамин Ц. Консумирајте овесни каши кои се лесни за варење, пијте свежи сокови, чај со мед и лимон... Би требало да јадете 5-6 пати во денот, во мали порции.
М. Д. | Црнобело