Опасности од апчињата за слабеење што не смеете да ги игнорирате
Може да биде вистинско искушение да пробате апчиња за слабеење, особено ако долго време се борите со вишокот килограми.
Кога сакате да ослабите по секоја цена, нормално е да сте подготвени да пробате сè. Но, не сите опции за слабеење се добри за вас и без правилното истражување можете само да си наштетите.
Одличен пример за ова се пилулите за слабеење. Важно е да знаете дека ова не се магични апчиња што брзо ќе ви го решат проблемот и треба да бидете свесни за сите можни несакани ефекти од нив.
Оштетување на црниот дроб
Според едно истражување, некои апчиња за слабеење можат да го оштетат вашиот црн дроб.
За истражувањето биле тестирани неколку видови пилули за слабеење, но поради нивниот различен состав, не се открило која е супстанцата што му штети на црниот дроб.
Проблеми со бубрезите
Бубрезите се уште една жртва на апчињата за слабеење. Наводно некои видови апчиња биле поврзани со бројни сериозни нарушувања на бубрезите.
Несоница
Несоницата е уште еден несакан ефект од апчињата за слабеење. Причината е што голем дел од нив содржат стимуланси, кои можат да ве држат будни навечер.
Овој ефект се зголемува ако веќе сте консумирале друг стимуланс, како кафе или енергетски пијалаци.
Висок крвен притисок
Состојките на некои апчиња за слабеење можат да имаат влијание врз вашиот крвен притисок. Некои вакви апчиња веќе се забранети од Администрацијата за храна и лекови.
Дијареја
И дијарејата е несакан ефект од апчињата за слабеење, а доколку трае подолго време, постои ризик да дехидрирате и да изгубите многу електролити.
Доколку дијарејата не помине после неколку денови, најдобро е да се консултирате со вашиот леар.
Ректално крвавење
Според едно истражување, некои апчиња за слабеење можат да предизвикаат ректално крвавење. Проблемот е што за некои брендови е познато дека го предизвикуваат ова, но сепак се одобрени за краткотрајна употреба.
Доколку сепак сакате да ги пиете апчињата, никако немојте да ја зголемувате препорачаната доза.
Забрзано чукање на срцето
Апчињата за слабеење можат да имаат ефект како амфетамин и да го забрзаат чукањето на срцето. Всушност, ако имате проблеми со срцето за кои не знаете, овие апчиња ќе ви ги откријат.
Главоболка
Главоболката е честа појава при земањето пилули за слабеење.
Доколку е придружена и со други симптоми, консултирајте се со вашиот лекар.
Веројатно веќе знаете дека апчињата за слабеење нема да ви ги дадат посакуваните резултати. Доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми, секогаш е подобро да вежбате и да го промените начинот на исхрана.
Спирова С. | Црнобело