Најдобрите домашни лекови против кашлица
Сируп со мед и лимон
За медот одамна се знае дека е одличен сојузник во борбата против кашлицата, настинката и грипот.
Во комбинација со лимон, медот е одличен природен лек за кашлица.
Потребни состојки:
- 150 милилитри мед
- 50 милилитри свежо цеден лимонов сок
- 50 милилитри кокосово или маслинов масло
Начин на подготовка:
Добро измешајте ги сите состојки, а потоа загрејте ја смесата на тивок оган.
Откако ќе зоврие, ставете го сирупот во стерилно шише и чувајте го фрижидер (рокот на траење е 3 недели).
Во текот на денот консумирајте една лажица сируп, 2-3 пати. Можете да го пиете сирупот сè додека не исчезнат симптомите на кашлица.
Сируп за тешка и упорна кашлица
За овој сируп ќе ви бидат потребни повеќе состојки, но ќе ви се најде доколку имате тешка кашлица што не се повлекува.
Потребни состојки:
- 1 стапче цимет
- 2 гранчиња мајчина душица
- 150 милилитри мед
- 50 милилитри свежо цеден сок од лимон
- 50 милилитри кокосово масло
- 1 исечкана лута пиперка
- 1 чешне лук
- 1 мал ситно сечкан кромид
Начин на подготовка:
Циметот, мајчината душица, лукот, кромидот и пиперката ставете ги во сад и прелијте ги со мед и кокосово масло.
Добро промешајте ги состојките и зовријте ја смесата. Потоа тргнете ја од оган и оставете ја се излади.
Изладената смеса прецедете ја, вратете ја во садот и додајте го лимоновиот сок.
За складирање на сирупот ќе ви бидат потребни стерилни шишиња, а најдобро е да го чувате во фрижидер.
3 до 4 пати дневно, пијте по една лажица од сирупот.
Кромид и мед
Оваа комбинација одамна се користи како лек против кашлица.
Потребни состојки:
- 1 голема главица кромид
- 3 лажици багремов мед
Начин на подготовка:
Исечкајте го кромидот и ставете го во помал сад. Прелијте го со 3 лажици мед и затворете го садот.
Оставете ја смесата да отстои неколку часа, а потоа прецедете ја.
Во текот на денот пијте по 1 лажица од сирупот.
Спирова С. | Црнобело