Здрави навики во исхраната

zdravi-naviki-vo-ishranata-povekjeЌе ви предложиме неколку начини да ги подобрите шансите за среќен и здрав живот. Сите овие навики кои и вие можете да ги вметнете во своето секојдневие...

 

...ги имаат подржано врвни стручњаци во списанија и книги кои се занимаваат со здравје.

Здрава навика број 1. Појадувајте секое утро.zdravi-naviki-vo-ishranata

Истражувањата докажуваат дека луѓето кои појадуваат внесуваат повеќе витамини и минерали, а помалку маснотии и холестерол. Тие се повитки, бидејќи шансите на ручек да се прејадат се помали.

Исто така, во помала опасност се да добијат дијабетес од оние кои го прескокнуваат појадокот. Се препорачува појадок од житарици. Забележано е дека оние кои внесувале житарици за појадок се чувствуваат подобро и ментално и физички.

Стручњаците од клиниката Мајо препорачуваат доручек кој содржи јаглени хидрати, протеини и мала количина на маснотии. Велат дека треба да се храниме разновидно, бидејќи ниту една намирница не ги содржи сите неопходни состојки.

Здрава навика број 2. Додадете риба и омега-3 масни киселини во својот начин на исхрана.

Покрај тоа што е добар извор на протеини, рибата содржи и омега-3 масни киселини, за кои е докажано дека го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Се препорачува туна, лосос, харинга, сардина...

Храната како тофу, соини зрна, ленено семе и ореви, содржи алфа-линолеинска киселина која во организмот се претвора во омега-3.

Здрава навика број 3. Дозволете си доволно сон.

Вашето тело мора да има доволно време да се одмори, инаку ќе се чувствувате уморно и поспано. Според новите испитувања, повеќе од две третини возрасни луѓе страдаат од некои пореметувања на сонот.

Не постои точно дефинирано време (во просек 8 часа) за одмор на организмот. Утврдете го сопствениот ритам и почитувајте го.

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...
Варичела (или овчи сипаници): Колку време трае болеста и што треба да избегнуваат заразените? Дали смеете да се туширате додека имате овчи сипаници (или варичела), колку врем...
Што ќе се случи со вашето тело ако секој ден јадете по 3 урми? Го намалуваат нивото на шеќери, овозможуваат исфрлање на лошиот холестерол, пома...
Децата и потењето: Како да препознаете дали е нормално или прекумерно? Ако вашето дете се поти повеќе од нормално, може да има хиперхидроза, ...
Што предизвикува пелтечење кај возрасните и може ли да се надмине? Пелтечењето кај децата кои уште учат да зборуваат не е невообичаена појава, но к...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg