Намирници што го забрзуваат метаболизмот (и можете да ги најдете во секој маркет)

Постојат намирници кои го забрзуваат метаболизмот, што ги прави одлични за оние кои сакаат да ослабат или да ја одржат линијата. Голем дел од овие намирници лесно можете да најдете и во маркетите кај нас.

zabrzajte-go-metabolizmot-so-ovie-namirnici-koi-mozete-da-gi-najdete-vo-sekoja-prodavnica-01.jpg

За телото од соништата, мораме да обрнеме внимание на исхраната. Ако, пак, сакаме да ослабиме, треба да се фокусираме на намирници кои се богати со хранливи материи, но и намирници кои можат да го забрзаат метаболизмот.

Неколку продукти што го забрзуваат метаболизмот, а се лесно достапни и кај нас:

Јајца

Храната богата со протеини, како што се јајцата, е одличен избор за оние кои сакаат да го забрзаат метаболизмот.

Зголемениот внес на протеини го олеснува согорувањето на калории, затоа се јајцата дел од голем број диети.

Лути пиперки

Лутите пиперки содржат капсаицин, состојката која е одговорна за лутиот вкус, но исто така одговорна за сите други позитивни ефекти врз нашето тело, од кои најважното е забрзувањето на метаболизмот.

Се разбира, треба да бидете внимателни со лути пиперки, особено ако имате сериозни проблеи со желудникот или дигестивниот систем.

Zabrzajte go metabolizmot so ovie namirnici koi mozete da gi najdete vo sekoja prodavnica 02

Бразилски орев

Бразилските ореви ќе ве заситат поради своите протеини и здрави масти. За забрзување на метаболизмот е најодговорен селенот, кој може да биде токсичен ако се консумира во големи количини.

Затоа бидете внимателни да не претерате со грицкање на овие плодови - најдобро е да не изедете повеќе од 3-4 дневно.

Брокула

Овој зеленчук е полн со витамини и други хранливи материи, кои го намалуваат нивото на шеќерот во крвта и го забрзуваат метаболизмот.

Доколку не го сакате вкусот на брокулата, секогаш можете да експериментирате и да ја мешате со друга храна или да правите сосови.

Zabrzajte go metabolizmot so ovie namirnici koi mozete da gi najdete vo sekoja prodavnica 03

Кафе

Добро е познато дека кофеинот го забрзува метаболизмот.

Но, немојте да го мешате кафето со многу шеќер, шлаг и слично бидејќи тогаш ќе добиете спортивен ефект.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg