Дремнете барем 15 минути
Секој од нас знае да почувствува умор и поспаност претпладне или попладне. Тогаш ни паѓа концентрацијата, зглобовите ни се некако тешки, а...
...очните капаци се спуштаат сами од себе.
Кој има време си практикува сладок попладневен сон барем еден час. Краткиот сон, т.н. powernapping е идеално решение. Кратко трае, но ја одржува концентрацијата.
Кај овој вид попладневен сон не важи правилото колку подолго – толку подобро. Овде голема улога игра интензитетот на одмарање. Опуштените мускули и на кратко затворените очни капаци често се доволни за да ги наполниме батериите за подоцна.
Во САД и Јапонија вработените смеат да ја користат паузата за да дремнат на кратко. Оваа нова практика е во прилог на работодавачот, затоа што е докажано дека луѓето после краток сон имаат повеќе концентрација и волја за работа.
Корисен е и за учење и обработување на новите информации. Тоа го докажале и научниците на Харвард. „За совладување на новите работи, потребен е сон. Само така може да се извлече максимумот од луѓето“.
Powernapping е корисен за кога ќе се вратите од работа, за да имате енергија да го поминете попладнето и вечерта како што сакате. Иако идеално време за дрема е помеѓу 12 и 14 часот, powernapping е корисен и околу 17 часот.
Научниците сметаат дека 10 до 30 минути е идеално време за одмор. Бидете упорни и навистина разбудете се за половина час. Ќе забележите дека сте посвежи, а батериите ви се наполнети.