6 лоши навики од кои на стоматолозите им се крева косата на глава

Сигурно добро знаете дека оралната хигиена е исклучително важна за човековото здравје. Но, знаете ли и како правилно да ја примените?

6-loshi-naviki-od-koi-na-stomatolozite-im-se-kreva-kosata-na-glava-2.png

Ако пројдат неколку дена без да употребите конец за заби, или, пак, сакате да експериментирате со различни производи за бела насмевка, мора да ве предупредиме дека не сте на правилен пат.

6-loshi-naviki-od-koi-na-stomatolozite-im-se-kreva-kosata-na-glava-3.jpg

Секој стоматолог ќе ве предупреди и замоли да престанете со правење на нештата, кои наместо да дејствуваат во ваша полза, само на него повеќекратно му ја зголемуваат работата. А, вас ве чинат здравје и пари.

6-loshi-naviki-od-koi-na-stomatolozite-im-se-kreva-kosata-na-glava-4.jpg

Ова се шесте лоши навики од кои на стоматолозите им се крева косата на глава:

1. Ги избелувате забите дома.

Стоматолозите предупредуваат дека со домашното избелување ќе направите повеќе штета одошто корист.

Мошне лесно може да се случи препаратот да не продре до одредени делови на забите. Ова набрзо ќе резултира со дамки и неизедначена боја.

Воедно истакнуваат и дека разните производи за белење може неповолно да влијаат на непцата, како и да ја уништат глеѓта на вашите заби.

6-loshi-naviki-od-koi-na-stomatolozite-im-se-kreva-kosata-na-glava-5.jpg

2. Не ги чистите забите со конец.

Кога стоматологот ќе ви каже дека секојдневно, и тоа најмалку двапати, препорачливо е да ги чистите забите со конец, тогаш ова навистина и го мисли.

Зошто? Бидејќи претставува единствениот делотворен начин за одржување на здравјето на непцата, како и за отстранување на сите остатоци од храна.

6-loshi-naviki-od-koi-na-stomatolozite-im-se-kreva-kosata-na-glava-6.jpg

3. Пиете вода со лимон.

Иако обичната вода може некогаш да ви здосади, па посакувате да ѝ додадете вкус на лимон, стоматолозите одмавнуваат со главата за ваквата идеја.

Киселината мошне лесно предизвикува кариес, болести на непцата и оштетување на забната глеѓ. А, може да биде и причина за лош здив.

Подобро е да се воздржите и пиете вода без никакви додатоци.

6-loshi-naviki-od-koi-na-stomatolozite-im-se-kreva-kosata-na-glava-7.jpg

4. Користите несоодветни четки за заби.

Претврдата четка, во комбинација со пресилниот притисок, неизбежно ќе доведат до уништување на глеѓта и оштетување на забното месо.

Ако целта ви е вашите заби да се што подолговечни, тогаш држете се до меките четки.

6-loshi-naviki-od-koi-na-stomatolozite-im-se-kreva-kosata-na-glava-8.jpg

5. Гризете тврди предмети.

Грицкате ли пенкала, вештачки нокти, мраз? Сите наведени „занимации“ неповолно влијаат на денталното здравје. И да – никогаш не отварајте било што со забите. Никогаш.

6-loshi-naviki-od-koi-na-stomatolozite-im-se-kreva-kosata-na-glava-9.jpg

6. Експериментирате со чистачи за заби.

Наместо старата добра паста, вие сте се одлучиле за прав од активен јаглен, или, пак, дури и масло кое ветува бели заби после само една употреба.

Не наседнувајте на евтините маркетинишки трикови. Заобиколете ги сите непроверени производи, бидејќи освен за здравјето на забите, тие може да бидат опасни и за вашиот организам.

6-loshi-naviki-od-koi-na-stomatolozite-im-se-kreva-kosata-na-glava-10.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg