6 начини како работата може да нè здебели
Речиси половина вработени луѓе се пожалиле дека откако почнале да работат имаат зголемување на телесната тежина.
На што се должи тоа? Како да се направи идеален баланс помеѓу работата и одржување на добро тело?
1. Колегите се тие кои ве поттикнуваат да јадете брза и неквалитетна храна
Околу една третина од вработените кои се на диета, кажале дека колегите се тие кои ги поттикнуваат да јадат повеќе, притоа одбирајќи брза и неквалитетна храна. Навистина, кој би можел да одолее на пита со јогурт или пица за време на паузата.
Решение: Во повеќе истражувања на нутриционисти и лекари е наведено дека јадеме двапати повеќе ако храната се наоѓа во нашето видно поле. Затоа, седнете подалеку од чинијата со колачиња кога некој чести за нешто или одете во тоалет одоколу за да го избегнете автоматот со грицки.
2. Ручате со колегите
Кога сме во друштво во просек јадеме 30 проценти повеќе храна. Тоа е бидејќи јадеме од сè што е нарачано и од другите, а на крајот земаме и десерт, иако веќе не сме гладни. Додека јадеме со колегите речиси цело време и разговараме, па затоа не забележуваме што и колку сме изеле.
Решение: Обидете се да си подготвите ручек од дома, а потоа слободно изедете го во друштво на колегите наместо на работното биро, бидејќи јадењето во друштво го подигнува рапсоложението. Подготвувањето на оброк од дома ќе ви помогне да одолеете на брзата храна, а и сигурно ќе искористите поздрави состојки отколку во сендвичарниците.
3. Во вашата канцеларија е студено
Во многу канцеларии клима-уредите најчесто ладат на премногу ниски температури, а во такви услови телото реагира така што се обидува да се прилагоди на ладното преку таложење на маснотии кои служат за изолација на телото. Поради ова, можно е да наталожите некоја масна наслага плус, дури и ако не јадете многу калорична храна.
Решение: Облечете се соодветно на временските услови во вашата канцеларија, не според надворешната температура. Или едноставно на работа оставете си парче подебела облека која ќе можете да ја облечете кога ќе ви застуди. Облекувајте се полежерно, една студија покажала дека вработените кои носат полежерна облека прават 491 чекор повеќе и согоруваат 25 калории повеќе дневно од оние кои носат деловни костуми.
4. Вашата канцеларија нема прозорци
Едно истражување открило неверојатна поврзаност помеѓу телесната тежина и изложеноста на природна светлина, особено светлината во утринските часови. Работењето во канцеларија без прозорец може да доведе до дополнителни 3 килограми, во споредба со колегите кои секое утро успеваат да ја впиваат сончевата светлина. Теоријата покажала дека утринското светло овозможува внатрешниот часовник за глад да работи нормално, додека недостатокот на светлина го зголемува апетитот и отпорноста на инсулин (поради што го чувате шеќерот наместо да го трошите).
Решение: До работа одете од подолгиот пат, доколку е можно состанокот одржувајте го во просторија крај прозорец, излезете на кратка претпладневна прошетка, организирајте што за да излезете барем 20 минути на сонце.
5. Јадете кога сте под стрес
Една четвртина од вработените работата ја имаат оценето како најголем причинител на стрес. Кога сте под стрес, телото ослободува хормони кои го зголемуваат апетитот, поради што имате голема желба за масна храна и метаболизмот работи бавно, што е совршено за накачување на килограмите.
Решение: Почесто правете паузи на кои ќе престанете да размислувате за стресни ситуации, па тоа ќе ви помогне да останете избалансирани и полесно да закрепнете од стресот. Обидете се да слушате релаксирачка или музика за медитација. Дури и да станува збор за кратка пауза, обидете се да ја правите на секој час и половина, бидејќи истражувањата покажале дека после час и половина енергијата повторно почнува да опаѓа. Доколку навистина ви е потребен здрав залак, изедете неколку коцки темно чоколадо кое докажано го намалува хормонот на стресот, односно кортизолот.
6. Распоредот ви е пренатрупан
Стресната работа води до недостаток на слободно време, а тоа ви оневозможува да се борите против стресот со најдборото оружје, а тоа се здравата храна и физичката активност. Само еден од пет вработени редовно оди на пауза за ручек, па затоа најчесто јадат додека работат или потполно прескокнуваат еден оброк. Речиси половина од вработените луѓе во светот немаат сила за да вежбаат после работа, па резултатот е покачување килограми, дури и кога заборавате да јадете.
Решение: Во оние денови кога знаете дека ќе мора да трчате од едно место на друго, започнете го денот со богат појадок. Неодамна во една студија е откриено дека внесувањето на половина дневни калории за појадок помага при намалувањето на килограмите, отколку тие калории да ги изедете за вечера. Со себе на работа понесете си ужина богата со протеини за да може нивото на шеќерот во крвта да биде стабилно, а апетитот под контрола (на пример хумус и свеж морков, путер од кикирики и свежа краставица и слично).
Што се однесува на вежбањето кога сте со пренатрупан распоред, истражувањата покажуваат дека можете да потрошите значаен број на калории со активности кои не вклучуваат напор и вежбање со телото, на пример одете пешки наместо со автомобил, качувајте се по скали наместо да користите лифт или паркирајте го автомобилот подалеку од канцеларијата за да може малку да пешачите.
Обидете се доколку имате можност едноставно да стоите до бирото на кое работите, кога сте на нозе согорувате повеќе калории откаколку кога седите на задникот (на пример стојте 20 минути, па потоа седете 10 минути). Ако сакате повеќе да се движите додека сте на работното место употребувајте го принтерот кој се наоѓа на спротивниот крај од вашето работно биро, така ќе работите, но и малку ќе се раздвижите.
Е. Д. | Црнобело