Две годишно дете пие Виагра 4 пати на ден
Келвин Мутеса има само 2 години, но сепак мора да го пие овој лек за импотенција во спротивно може да умре. Тој е најмладиот Британец којшто е редовен...
...корисник на Виагра и ја пие веќе 30 месеци.
Келвин има ретка состојба на белите дробови која предизвикува висок крвен притисок и го намалува кислородот во неговите бели дробови.
Детето секојдневно се бори за воздух поради што неговото срце работи дупло повеќе, за разлика од останатите дечиња на негова возраст.
Виаграта пак, ги опушта неговите белодробни артерии и овозможува повеќе крв и кислород да дојдат до нив.
За оваа болест не постои лек, Келвин единствено може да се надева дека на долг рок ќе се изнајде решение за трансплантација на срце и белите дробови.