8 работи кои ги правите секој ден, а им штетат на вашите очи
Користите стара козметика
Офталмолозите тврдат дека декоративната козметика која се користи подолго од 3 месеци е штетна за здравјето на очите.
Стара маскара ви носи голем ризик од инфекции, од кои некои може да бидат навистина сериозни.
Ги триете очите со рака
За време на интензивното триење на очите малите крвни садови може да пукнат и да ви создадат т.н. „крваво око“. Ако ве чеша окото, наместо да го триете, подобро е да трепнете неколку пати или да го измиете со вода.
На рацете имате повеќе бактерии отколку на кој било друг дел од вашето тело. Конјуктивитис е едно од воспаленијата кои можете да ги добиете.
Имате несоодветна фотелја на работа
Две артерии минуваат низ ‘рбетот, кои носат крв до мозокот и го снабдуваат со кислород. Дури и мал проблем со овој дел од грбот, може да влијае на визуелниот центар преку намалување на дотокот на крв.
Доаѓа до дезориентација, а може и до кратковидост.
Шампон во очите
Состојките во одредени типови на шампони им штетат на очите. На површината на окото има многу тенок заштитен слој, кој со допир со шампонот се разградува и потоа не го штити окото.
Се јавува т.н. синдром на суви очи и со тоа зголемен ризик од катаракта.
С. С. | Црнобело