8 работи кои ги правите секој ден, а им штетат на вашите очи
Дали знаете дека со тоа што пуштате светло во канцеларијата додека низ прозорците влегува дневна светлина им штетите на вашите очи?
Според податоците на Светската здравствена организација околу 253 милиони луѓе во светот страдаат од разни проблеми со очите.
Дури 80% од овие проблеми може да бидат излечени или уште подобро да биде спречена нивната појава.
Работи кои ги правите секој ден, а им штетат на вашите очи:
Работа на вештачка светлина
Ова се случува речиси во секоја канцеларија и очите ги прави уморни, перформансите им се намалуваат и почнува да ве боли главата.
Најдобро е да ги тргнете ролетните и да работите под природна светлина. Вештачката има одредени трепкања, кои иако окото не ги перципира, му пречат.
Солариум
Истражување спроведено во Норвешка и Шведска покажа дека кај жените кои редовно одат на солариум поголема е шансата за развој на рак на очите.
Купете си специјални заштитни очила и заштитете ги очите навреме од штетните ултравиолетови зраци.
Неквалитетни очила за сонце
Со ставањето на очила за сонце ние го „исклучуваме“ природниот заштитен механизам на очите, односно кога гледаме во силна светлина не трепкаме и зениците не се стеснуваат. Па, затоа мора да ставите квалитетни очила за сонце, ако не сакате да добиете доза ултравиолетово зрачење.
Бојата на стаклата најдобро е да биде кафена, темно зелена или сива. На нив не смее да има гребнатини.
Пушење
Пушењето го спречува дотокот на кислород во крвните садови во очите и со тоа се јавува ризик од мускулна атрофија и развој на катаракта.
Леќите на очите стануваат мрзеливи, а видот заматен. И ова е една од главните причини за слепило во светот.
Пуштачите имаат два пати поголема шанса да имаат т.н. синдром на суви очи.