5 причини зошто вашата тежина се зголемува пред почетокот на месечниот циклус

Дали сте забележале дека пред добивањето на менструалниот циклус имате чувство дека ќе експлодирате и најголем дел од времето го поминувате во удобни широки тренерки или пижами?

Zosto-vasata-tezina-se-zgolemuva-pred-menstrualniot-ciklus-01.jpg

Не плашете се, тоа е сосема нормално. Зголемувањето на телесната тежина пред почетокот на менструалниот циклус е сосема очекувана.

Пред самиот почеток на циклусот, односно пред да започне крвавењето може да накачите дури до 5 kg.

Постојат неколку медицински, но и реални причини зошто се случува ова:

Премногу шеќер и сол

Во овој период од месецот многу жени имаат зголемена потреба за солено или благо (или пак и двете). Количината која се консумира значително влијае врз накачувањето на килограмите.

Хормонални промени

Задржувањето на течности во телото поради хормоналните промени кои се случуваат пред циклусот може да предизвикаат чувствителност на градите, отоци на рацете и нозете, абдоминална надуеност и нормално, зголемување на телесната тежина.

Подуеност и гасови

Подуеноста на стомакот и гасовите се нормална и честа појава во предменструалниот циклус, па нема потреба да се чудите зошто вашиот стомак е огромен.

Ниско ниво на магнезиум

Намаленото ниво на магнезиум во организмот може да предизвика мало зголемување на тежината, бидејќи ниското ниво на овој минерал го зголемува нивото на глад.

Намалени нивоа на калциум

Ниското ниво на калциум, исто така, може да придонесе водата да се задржува подолго во организмот во текот на овој период, бидејќи клетките на телото сакаат да задржат вода кога нивоата на калциум се ниски.

 
Но, без грижа и паника. Повеќето жени ќе започнат полека да го губат вишокот телесна тежина и течности веднаш по започнувањето на менструалниот циклус.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg