6 митови за храната во кои луѓето сè уште веруваат

Кога е исхраната во прашање, постојат низа „теории“ кои се и понатаму актуелни, па неретко ги земаме здраво за готово. А, тие се само полувистини, или, пак, комплетни заблуди.

6-mitovi-za-hranata-vo-koi-se-ushte-veruvaat-lugjeto-1.png

Шесте митови за храната во кои сè уште веруваат луѓето се:

1. Мастиката се задржува недела дена во организмот.

Ако сте проголтале гума за џвакање, нема причина за паника, уверува докторот Роџер Лидл. Многу луѓе веруваат дека на голтната мастика ѝ се потребни седум дена, како би излегла надвор од телото.

6-mitovi-za-hranata-vo-koi-se-ushte-veruvaat-lugjeto-2.jpg

Научниците, пак, децидни се дека тоа не е вистина.

„Нашиот дигестивен систем е исклучително силен. Кога може да свари парче месо, зошто не би можел и мастика? Штом влегла во организмот, таа и ќе излезе. Впрочем - како и сè друго. Не постои одреден временски период за дигестија на гумата за џвакање, бидејќи истиот варира од човек до човек.“

6-mitovi-za-hranata-vo-koi-se-ushte-veruvaat-lugjeto-3.jpg

2. Ако сакате да ослабете – не јадете после 20 часот.

Постои мит и дека ќе ослабете, доколку завршите со оброците пред 8 часот навечер. Доцната вечера е навистина проблематична, ама само кога консумирате голема количина на калорични намирници.

6-mitovi-za-hranata-vo-koi-se-ushte-veruvaat-lugjeto-4.jpg

Притоа, ако сте се прејале претходно, џабе ви е што ќе гладувате подоцна. Ова го потврдува и истражувањето објавено во Obesity Rewievs од 2012 година.

„Доколку не внимавате што јадете во остатокот од денот, или, пак, не вежбате, воздржувањето од храна после 20 часот не придонесува кон губиток на килограмите.“

6-mitovi-za-hranata-vo-koi-se-ushte-veruvaat-lugjeto-5.jpg

3. Јајцата се штетни, бидејќи го покачуваат холестеролот.

Според поновите истражувања, нивото на холестерол во јајцата е значително пониско од што се претпоставуваше во минатото. Се разбира - не треба ни да се претерува.

6-mitovi-za-hranata-vo-koi-se-ushte-veruvaat-lugjeto-6.jpg

Со консумација на четири јајца неделно, ниту ќе се покачи холестеролот, а ни ризикот од срцеви болести ќе се зголеми, пренесува порталот fitness.com.

6-mitovi-za-hranata-vo-koi-se-ushte-veruvaat-lugjeto-7.jpg

4. Морковите го подобруваат видот.

Да, морковот навистина содржи витамин А, којшто е корисен за видот.

6-mitovi-za-hranata-vo-koi-se-ushte-veruvaat-lugjeto-8.jpg

Сепак, ова не значи дека јадејќи моркови ќе добиете супермоќи, па ќе ги победите кратковидоста и далекувидоста.

6-mitovi-za-hranata-vo-koi-se-ushte-veruvaat-lugjeto-9.jpg

5. Ако не била повеќе од пет секунди на подот, паднатата храна може да се јаде.

Многумина веруваат дека храната што паднала на подот и понатаму е безбедна за консумација, доколку ја кренат во рок од три до пет секунди.

6-mitovi-za-hranata-vo-koi-se-ushte-veruvaat-lugjeto-10.gif

Ова дефинитивно е заблуда. Дури и тогаш ризикувате да се заразите со разни бактерии од нечистите површини, предупредува докторката Лиза Акерли во разговорот за британски Telegraph.

6-mitovi-za-hranata-vo-koi-se-ushte-veruvaat-lugjeto-11.jpg

6. Јаболката ги чистат забите.

Последниот мит е делумно вистинит. За јаболкото од одамна се смета дека природно ги прочистува и избелува забите.

6-mitovi-za-hranata-vo-koi-se-ushte-veruvaat-lugjeto-12.jpg

Меѓутоа, не залажувајте се дека доволно е да каснете јаболко, за забите да ви бидат бели и чисти. Нужно е да ги измиете и со четка и паста, односно да ги исчистите и со конец.

6-mitovi-za-hranata-vo-koi-se-ushte-veruvaat-lugjeto-13.jpg

М. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg