8 работи кои не смеете да ги правите навечер, ако сакате мирен сон
Креативни активности
Ако пишувате текст или музика вашиот мозок активно работи, па ако тоа го правите пред спиење, тогаш очите ќе ви останат отворени, а мозокот активен уште долго.
Барем еден час пред спиење престанете со сите активности од овој тип.
Користење на електронски уреди
Светлината од компјутерот, таблетот и телефонот му е непријател на вашиот сон.
Пред спиење најдобро е да го опуштите мозокот со размислување за нешто убаво или пак со правење на план во главата за утрешните активности.
Загриженост
Ако гледате криминален филм или видео за некој ужасен настан во светот навечер, не очекувајте добар сон. Негативните емоции нема да ви дозволат да заспиете.
Спиење со миленици
Многу луѓе им дозволуваат пристап на милениците во нивниот кревет, но спиењето со животни не е исто како спиењето со луѓе.
Длабоката фаза на сон кај животните е драстично пократка, па тие ќе менуваат позиции многу пати во текот на ноќта и ќе ве будат.
С. С. | Црнобело