8 работи кои не смеете да ги правите навечер, ако сакате мирен сон

Спиењето со миленици, пушењето цигари пред спиење и пиењето многу вода се непријатели на вашиот сон.

8-raboti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-navecher-ako-sakate-dobar-son-01.jpg

Според статистиките 27% од луѓето константно имаат тешкотии да заспијат, додека кај другите луѓе овој проблем се појавува од време навреме.

Ако сакате да се збогувате со несоницата и да имате квалитетен сон, треба да престанете со некои навики.

Што не смеете да правите навечер:

Пушење

Никотинот на вашето дело му делува како и кофеинот. Го забрзува срцебиењето, го зголемува крвниот притисок и го стимулира мозокот.

Барем 2 часа пред спиење не палете цигара.

8-raboti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-navecher-ako-sakate-dobar-son-02.jpg

Спортување

Спортувањето е одлично за подобрување на сонот, но само ако завршите со тренингот 3-4 часа пред да си легнете, а идеално е 6 часа.

По тренингот вашето тело работи забрзано и нема да можете да легнете во кревет и веднаш да заспиете.

8-raboti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-navecher-ako-sakate-dobar-son-03.jpg

Пиење многу вода

Умерена количина вода пред спиење вода е здраво, но ако пиете премногу, тоа ќе ве буди во текот на ноќта за во тоалет, а утрото ќе имате подочници и ќе бидете отечени.

8-raboti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-navecher-ako-sakate-dobar-son-04.jpg

Спиење во текот на денот

Дремката во текот на денот е корисна, но ако е од 13 до 16 часот. Ако ова го правите подоцна може да ви предизвика проблеми со сонот во текот на ноќта.

И дневната дремка не смее да биде подолга од час и половина.

8-raboti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-navecher-ako-sakate-dobar-son-05.jpg

Уште 4 работи на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg