Зошто косата опаѓа за време на диета?

Кога конечно сè си доаѓа на свое место со килажата, многумина ги плаши една страшна пропратна појава на диетите. Одеднаш забележуваат дека бројките на вагата стануваат сè помали и помали, но почнува и сè повеќе и повеќе да им опаѓа косата. Дали е ова нормално и постои ли причина за загриженост? 

zoshto-opagja-kosata-za-vreme-na-dieta-1.png

Одговорот го дадоа повеќе експерти за Women's Health, објаснувајќи ги причините поради кои на некои луѓе им опаѓа косата за време на диета. Кен Л. Вилијамс, специјалист за трансплантација на коса, на таа тема вели: „Клинички и анегдотски, познато е дека губењето на косата се поврзува со нагло намалување на тежината или слабеење поради стрес.“

Бет Ворен, регистриран диететичар и нутриционист, исто така потврдува дека опаѓањето на косата може да биде резултат на губење на тежината.

zoshto-opagja-kosata-za-vreme-na-dieta-2.jpg

 „Сè е до нутритиентите“, истакнува Фатима Коди Стенфорд, доктор од болницата во Масачусетс. „Луѓето често не внесуваат доволно протеини кога ги губат килограмите, па организмот мора да одлучи каде да ги испрати протеините што ги добива. “

„Бидејќи косата не е неопходна за опстанок на човекот како живо суштество, таа ќе ги добие „остатоците“. Мнозинството протеини ќе бидат насочени кон поважните органи и делови од телото, што доведува до губење на косата.“, дообјаснува Стенфорд.

zoshto-opagja-kosata-za-vreme-na-dieta-3.jpg

Не грижете се - привремено е!

„Кога ќе запре процесот на слабеење, косата сама се обновува.“, уверува Ворен.

Доколку, пак, сакате да изгубите што повеќе килограми, а да го намалите губитокот на кoса, тогаш станете посвесни за количината на протеини што ја внесувате на дневна основа. Препорачаниот износ е 46 грама за жени, односно 56 грама за мажи.

zoshto-opagja-kosata-za-vreme-na-dieta-4.jpg

Не е лошо да го зголемите и внесот на цинк во диетата, бидејќи е клучен минерал за раст на косата, но и ноктите и здравјето на кожата.

За таа цел, ќе ви биде од полза зеленчукот, како брокула и спанаќ, потоа овошјето, како авокадо и смоква, или, пак, консумирањето протеини од животинско потекло, како јајца и посно говедско месо. Од помош е и цинкот во облик на додаток за исхраната.

zoshto-opagja-kosata-za-vreme-na-dieta-5.jpg

Во меѓувреме, повторувајте си: „Ова е само привремено!“

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg