10 работи кои не треба да им ги кажете на луѓето што се во депресија
Советите од типот: „Мора да бидеш среќен, излези надвор, дружи се со луѓето, ќе ти помине“ нема да им помогнат.
Тешко е да се разговара со човек што се соочува со ментална болест, особено ако вие никогаш не сте искусиле нешто такво. Тешко е да знаете што да му кажете и како да му помогнете.
Но, најдобра опција се секогаш наједноставните прашања од типот: „Како си?“ и „Дали сакаш да зборуваш за тоа?“
Понекогаш, луѓето кои страдаат од депресија на пример сè што сакаат е само да зборуваат. Потребен им е некој што ќе ги ислуша сите лоши работи што им минуваат низ главата.
Луѓе кои се борат со депресија откриваат кои работи што им ги кажуваат луѓето ги нервираат:
- „Не си единствениот со таков проблем, не грижи се.“
- „Не изгледаш болно/тажно.“
- „Немаш зошто да се грижиш, твојот живот е прекрасен.“
- „Не драматизирај, не е толку лошо.“
- „Сите се депресивни на моменти, не си нешто посебно.“
- „Мора да избереш среќа. Излези надвор и дружи се со луѓето.“
- „Не мисли на тоа.“
- „Си замислуваш работи, не е така.“
- „Не грижи се, биди позитивен.“
- „И јас сум понекогаш во депресија, но научив како да се контролирам.“
Прочитајте и емотивни исповеди на луѓе кои помислиле на самоубиство!
С. С. | Црнобело