„Се чувствував безвредно“ - емотивни исповеди на мажи кои помислиле на самоубиство

Тие од срце испраќаат апел до сите што минуваат низ истото да проговорат отворено, да не се срамат и да не веруваат во црната мисла дека на светот ќе му биде подобро без нив.

se-chuvstvuvav-bezvredno-emotivni-ispovedi-na-mazi-koi-pomislile-na-samoubistvo-01.png

Бројот на самоубиства и обиди за самоубиства е сè поголем во светот, па време е психичкото здравје да престане да биде табу тема.

Најдобрата превенција е отвореното зборување за емоционалната состојба. Воопшто нема потреба од срам, ниту непријатност.

Мажи кои во еден миг од животот помислиле да се самоубијат отворено проговорија што ги довело до тоа, со желба да им помогнат на сите кои минуваат низ таква криза:

„Имав само 19 години, но сметав дека мора да ставам крај на својот живот за да го прекинам страдањето. Се чувствував дека не сум доволно добар за ништо и не сакав да бидам на местото на кое бев. Сè уште знаат да ме преплават црни мисли од време навреме, но научив како да се справам со нив.“

„Бев толку исплашен. Имав суицидни мисли. Не можам точно да објаснам како правеа да се чувствувам, секој пат кога ги имав беше поинаку. Чудно е, но беа толку контролирачки што правеа да се чувствувам заробен во главата со нив.“

„Немав воопшто самодоверба, чувствував дека залудно сум си го потрошил животот и само сум ги разочарал луѓето околу себе. Чувствував дека постојам, а не живеам. Ако не побарав помош на време, сега ќе ме немаше.“

se-chuvstvuvav-bezvredno-emotivni-ispovedi-na-mazi-koi-pomislile-na-samoubistvo-02.png

„Мојот внатрешен монолог ми посочуваше дека никој не ме сака и дека на светот ќе му биде подобро без мене. Се чувствував осамено и изолирано. За среќа, разговорите со терапевт ме освестија дека грижата за себе е најважна во животот.“

„Живеев како во замка и сметав дека смртта ќе ме ослободи. Се чувствував беспомошно и очајно за да најдам смисла за живот. Но, почнав да вежбам свесност за тоа како се чувствувам без да си судам сам на себе и се трудев по секоја цена да минувам што повеќе време со пријателите.“

„Мислев дека смртта е лек и дека да не чувствувам ништо е подобро отколку да го чувствувам тоа што го чувствував во тој миг. Бев неуспех и сметав дека на моето семејство ќе му биде подобро без мене. Сметав дека мора да бидам силен затоа што сум маж, но за среќа навреме сфатив дека за емоционалните проблеми мора да се разговара.“

se-chuvstvuvav-bezvredno-emotivni-ispovedi-na-mazi-koi-pomislile-na-samoubistvo-03.png

„Се чувствував како вистински неуспех, очаен родител и неспособен работник. Страдав од депресија, дури и се предозирав кога сопругата ме остави. Но, не беше фатално и тогаш одлучив дека е време за разговор со психијатар и за лекарства. Состојбата ми се стабилизираше, а мојата ќерка тинејџерка е најзначајниот дел во моето закрепнување. Таа не ме осуди, ниту ми држеше лекции кога се предозирав, само ми даде тон прегратки и ми кажа дека ова можеме да го надминеме заедно.“

Кои познати личности се обиделе да извршат самоубиство?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Немам желба да правам ништо, дали страдам од депресија?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Вие прашувате, психолог одговара: „Постојано се плашам дека сум болна од нешто и дека умирам“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg