Што кажува бојата на вашата урина за вашето здравје?
Од транспарентна до темно кафеава, бојата на вашата урина може да посочува на дехидратација на телото или на некои инфекции и болести.
Ова не е тема за која многу се разговара, но бојата на вашата урина дефинитивно може да каже многу за вашето здравје.
Нејзиниот состав, мирис и боја се знаци за начинот на живот кој го водите, што пиете и што јадете и дали се соочувате со некои болести.
Дури 95% од урината е вода, но останатите 5% имаат комплексен состав од состојки како натриум, хлорид, уреа и креатинин. Најчестата боја на урина е жолта.
Што кажува бојата на вашата урина за вашето здравје:
Транспарентна - Урината без боја може да значи дека консумирате премногу вода. Преголемата хидратација на телото не е причина за грижа, но од друга страна дехидратацијата е. Недостигот на вода во телото прави хемиски дисбаланс во крвта.
Бледо жолта - Вие консумирате доволно вода, здрави сте и ова е нормална боја на урината.
Жолта - И оваа нијанса на жолта боја значи дека сè е комплетно нормално. Вашето тело функционира совршено.
Темно жолта - Ситуацијата со вашето здравје сè уште е нормална, но темната нијанса може да посочува на блага дехидратација.
Боја на мед или килибар - Вие најверојатно сте дехидрирани. Сепак, тоа не значи дека на своја рака треба да започнете со прекумерно внесување вода. Најдобро е да се консултирате со лекар.
Црвена боја - Ова е причина за загриженост. Крвта во урината е знак за инфекција, проблеми со бубрезите, па дури и тумор на уринарниот тракт. Исто така, може да биде знак за проблем со простатата кај мажите. Задолжително консултирајте се со доктор.
Сина боја – Одредени лекарства и храна може да резултираат со сина урина, како и реткото нарушување хиперкалцемија. Задолжително консултирајте се со доктор.
Темно кафеава или црна боја - Одредени лекарства, алое или некои видови храна може да го предизвикаат ова. Сепак, може да станува збор за труење со фенол или појава на некој вид на рак. Задолжително консултирајте се со доктор.
С. С. | Црнобело