3 совети кои ќе ви помогнат како да се расоните, дури и без кафе

Некои луѓе се будат уште на првиот сигнал од алармот и се веднаш способни за дневните активности, но има и такви на кои будењето им е голема мака и им треба малку повеќе време за да можат да функционираат.

ne-ste-utrrinski-tip-3-soveti-koi-ke-vi-pomognat-da-se-rasonite-duri-i-bez-kafe-2.jpg

Кога треба секој ден да се будите рано, тоа за кратко време ќе премине во рутина. Сепак, ова не важи за секој подеднакво.

Одредени личности имаат постојан проблем со расонувањето, а тоа честопати може да биде предизвикано од темпото и начинот на кој го живееме животот.

Па, пред да се етикетирате со „не сум утрински тип“, најдобро е да процените дали доволно се грижите за самите себе и да започнете да ги практикувате овие работи:

Внесувајте доволно течности

Недостатокот на вода може да предизвика низа проблеми, меѓу кои и поспаност и хроничен умор. Обидете се да се сетите дали сте испиле најмалку еден литар вода вчера.

Ако е помалку од тоа, може да се појави проблем со хидратацијата на мозокот и будењето да оди тешко. Испијте околу два литра вода во текот на денот и уживајте и во лесен сон и во будењето без одложување на алармот.

ne-ste-utrrinski-tip-3-soveti-koi-ke-vi-pomognat-da-se-rasonite-duri-i-bez-kafe-3.jpg

Бидете физички активни

Кога правилно ја трошите енергијата, тогаш и сонот ќе ви биде рамномерен и ефикасен, па ќе се разбудите полни со енергија.

Не мора да се запишете на фитнес или на боди-билдинг, доволно е само да пешачите повеќе или да танцувате.

ne-ste-utrrinski-tip-3-soveti-koi-ke-vi-pomognat-da-se-rasonite-duri-i-bez-kafe-4.jpg

Слушајте го телото

Вашето тело секојдневно ви праќа сигнали за својата состојба, но поради темпото на живот често ги игнорираме. Обрнете внимание на главоболките, болката во грбот, константниот умор и проблемите со концентрацијата - сите овие знаци може да укажуваат дека ви е потребен одмор.

Наспијте се и грижете се за себе, за да бидете полни со енергија и да можете да функционирате продуктивно во текот на денот.

ne-ste-utrrinski-tip-3-soveti-koi-ke-vi-pomognat-da-se-rasonite-duri-i-bez-kafe-5.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg