Кои вежби смеете, а кои не смеете да ги правите ако имате повредено колено?
Како што би рекле голем број на медицински лица, коленото е еден од најнесовршените зглобови на човековото тело.
Голем број возрасни, но и млади лица страдаат од болки во коленото, а повредите се случуваат многу често со оглед на тоа што го употребуваме речиси со секое движење кое што го правиме.
Вистината е дека неретко проблемите со коленото се случуваат и поради прекумерната тежина, ако не директно, тогаш таа дефинитивно предизвикува дополнителен притисок на веќе направеното оштетување.
Кога имаме повредено колено, многу често се чувствуваме како да не постои реална можност да продолжиме со физичка активност и спортување. Болката и стравот од посериозни оштетувања знаат да нè обесхрабрат во идејата за активен физички живот.
Сепак имајте на ум дека иако сте ограничени во изборот на вежби и физички активности, спортувањето не е нешто на што треба да заборавите.
Во продолжение погледнете кои вежби можете, а кои не е препорачливо да ги применувате доколку имате повреда или едноставно чувствувате болки во коленото.
Избегнувајте вежби со клекнување
Се разбира дека во многу ситуации имате потреба да клекнете и да ги виткате колената, но кога станува збор за вежбање – заборавете на тоа.
Ваквите вежби прават притисок врз вашите колена, кој наместо да ви помогне може да предизвика дополнителни оштетувања. На кревање и спуштање дополнителен товар не треба ни да помислувате.
Избегнувајте движења кои го засегаат коленото
Движењата кои ги правиме при играње на кошарка, тенис фудбал итн, прават дополнителен стрес на колената. Наглото тргнување, застанување и вртење можат да бидат навистина опасни и да го влошат веќе постоечкиот проблем.
Прескокнете го трчањето
Џогирањето прави дополнителен притисок врз колената. Доколку чувствувате болка, најдобро е да го избегнувате овој тип на физичка активност.
Заборавете на вежби со скокање
При скокање, нашите колена трпат три пати поголем притисок отколку при друга активност. Ова значи дека шансите да се повредиме се три пати поголеми отколку при друг тип на активност.
Иако ви се чини дека ги исфрливме сите опции, не е така, во продолжение погледнете кој тип на физичка активност е соодветен при повреда на колено.
Пешачење
Пливање
Возење велосипед
Правење вежби кои не ги оптоваруваат колената
Најважно од сѐ, доколку чувствувате болка во коленото, консултирајте се со вашиот матичен лекар или посетете ортопед, пред да преземете било што на своја рака.
С. У. | Црнобело