Одговор на вечното прашање: Каде одат согорените маснотии од телото?
Покрај многуте диети и режими на исхрана, речиси никој не се зафатил да го одговори прашањето што всушност се случува со согорените маснотии од изгубените килограми?
Во анкета која ја спроведе „Daily Mail“ меѓу нутриционисти, тренери и лекари, тие не добиле одговор на ова прашање, по што заклучиле дека ретко кој се труди да го дознае одговорот на ова прашање.
Една од најчестите заблуди е дека мастите од организмот се претвораат во енергија. Некои сметаат дека одат во мускулите, а други дека излегуваат преку изметот.
Само тројца од испитаниците дале точен релевантен одговор на ова прашање, а тоа е дека мастите не се претвораат ниту во енергија, ниту во мускули, ниту пак истите се исфрлаат преку столицата.
Точниот одговор е дека мастите се делат на јаглероден диоксид и вода при метаболитичките процеси на диетите. Тоа значи дека еден дел излегува преку дишењето, а другиот преку лачењето на течности, односно преку урината и потта.
Така, слободно може да се каже дека килограмите кои ги губиме, во поголем дел ги издишуваме. Основа на ова тврдење е сознанието дека секоја хранлива материја претставува комбинација на вода и јаглероден диоксид, неоргански материи од кои се создава органска храна при процесот на фотосинтеза.
Затоа, сосема е логично и исправно сознанието дека храната која почнала од тие две материи, на крај ќе се разложи токму на истите.
Остатокот, хранливите материи, се апсорбираат во телото, а вишокот се исфрла, како што веќе е наведено, преку издишувањето, потењето и уринирањето.
С. У. | Црнобело