7 причини да ја наполните кадата и да уживате во топла купка
Нема ништо подобро од тоа да најдете време за себе и да си пружите релаксација.
Па, има ли подобар начин од тоа да ја наполните кадата со топла вода и целосно да се опуштите?
Веројатно, ретко ви паѓа на памет да „потрошите“ време на тоа и секогаш си наоѓате попаметна работа, иако можеби посакувате таква релаксација.
Ако ви е потребно охрабрување, следниве причини можеби ќе ви помогнат да се одлучите да си пружите задоволство после работната недела.
7 причини да ја наполните кадата со вода и да уживате во топла купка:
Топлата купка го подобрува расположението
Според психологот Нил Морис, кој направил мало истражување, топлата купка може да отстрани чувства на депресија и песимизам бидејќи ви дава одлична комбинација на изолација, мир и удобност.
Помага да спиете подобро
Многу научници препорачуваат ладна просторија за подобар сон, но топлата бања пред спиење може да донесе слични резултати.
Помага при опуштање на мускулна болка
Топлината помага за циркулацијата на крвта, како и за опуштање на стегнатите мускули. Го намалува воспалението на зглобовите при артритис или други мускулни заболувања.
Може да го направи и одржува срцето здраво
Редовното практикување на топла купка помага во намалување на крвен притисок според некои истражувања, а тоа помага при спречување на други проблеми со срцето.
Помага во согорување калории
Можеби не е некоја активност, но топлата вода и потењето може да помогнат во согорувањето на калории.
Помага во ослободување од симптоми на грип и настинка
Пареата од топлата вода може да направи чуда со затнатиот нос и кашлицата. Топла купка исто така помага и имунолошкиот систем подобро да се бори со вируси.
Може да ја смири иритираната кожа
Топлата купка во комбинација со есенцијални масла, како кокосовото, маслиново или лавандово, може да ја омекнат кожата и да ги излечат иритираните делови.
М. М. | Црнобело