Што прават поразлично луѓето кои ретко се разболуваат?
За да не се разболите во сезоната на вируси и настинки, важно е да стекнете здрави навики кои ќе ви го заштитат и зајакнат имунитетот.
Луѓето кои ретко или речиси никогаш не се разболуваат си имаат свои тајни, а во продолжение ви откриваме 8 од нив:
1. Наместо лимони, консумираат повеќе риба
Внесувањето на витамин Ц понекогаш може да ја намали должината на настинката, но никако не влијае на вирусите и бактериите.
Попаметна опција е честото консумирање на риба, морски плодови и алги, преку кои внесувате витамин Д, кој го зајакнува имунитетот.
2. Не користат антибактериски сапуни
Понекогаш бактериите кои се наоѓаат на површината на кожата може да не заштитат од надворешните влијанија и служат како еден вид на бариера. Доколку ги уништите со антибактериски сапуни и средства – постигнувате спротивен ефект од посакуваниот.
3. Не се согласуваат на „пасивно пушење“
Сите ја знаеме опасноста од пасивното пушење, кое може да формира канцерогени клетки, да развие астма или други проблеми со кожата.
Здравите луѓе никогаш не седат во зачадени простории и не носат облека која мириса на цигари.
4. Не пијат витамини и било какви апчиња без консултација со лекар
Здравите луѓе никогаш ништо не пијат на своја рака. Дури и да се работи за витамини, треба внимателно да ја утврдите дозата.
5. Оптимисти се
Докажано е дека негативноста влијае лошо на здравјето. Па, ако сакате да имате посилен имунитет погрижете се да си обезбедите 8 часа сон, здрави оброци и позитивни мисли.
6. Се грижат за здравјето на забите
Кариесот може да направи многу поголеми проблеми отколку што мислите.
Здравите заби се клучни за добро здравје, па никогаш не треба да го игнорирате дури и најмалиот проблем како точка кариес или забен камен.
7. Имаат строги правила кога некој близок е болен
На пример, ако канат или одат на гости кај човек кој е настинат, никогаш со него не зборуваат без маска на лицето и не делат исти предмети преку кои може да се пренесат бактериите.
Секогаш добро го проветруваат домот и доколку партнерот е тој што е болен, се покриваат со различни прекривки додека спијат.
8. Си дозволуваат да бидат болни
Во моментите кога болестите ќе победат и покрај целата претпазливост, му дозволуваат на телото да одмори.
Кога се болни никогаш не работат и не завршуваат тешки задачи кои само може да им ја искомплицираат здравствената состојба.
М. Д. | Црнобело