Покачена тежина, проблеми со варењето: 5 симптоми на прикриена депресија

Пет забележливи промени во нашето тело, организам и состојба често може да бидат симптоми на депресија, иако ретко би ги поврзале со оваа ментална состојба.

pokachena-tezina-i-problemi-so-varenjeto-5-simptomi-na-prikriena-depresija-2.jpg

Поради стереотипите луѓето се оневозможени целосно да ги препознаат и перципираат симптомите на депресијата, а владее и она верување дека ако не сте на работ на провалија и плачете, размислувајќи таму да се фрлите, тогаш не е депресија.

Вистината, всушност е многу поинаква. Депресијата е опасна затоа што луѓето не се научени да ја препознаат, но и се изложени на осуда и неретко потсмев доколку претпостават дека ја имаат.

Симптомите на депресијата се невидливи, но често имаат и физички манифестации кои може да ве натераат да размислите околу вашата психолошка состојба:

Изостанок на месечниот циклус кај жените - доколку се исклучени сите гинеколошки фактори, а сепак никако да го добиете вашиот месечен циклус, размислете дали неодамна сте претрпиле стрес кој предизвикал депресивна состојба, макар и на еден ден.

Стресот ги изместува хормоните, па можеби тука лежи одговорот на вашиот изостанок на месечниот циклус.

pokachena-tezina-i-problemi-so-varenjeto-5-simptomi-na-prikriena-depresija-3.jpg

Паѓање на косата - забележано е дека при состојба на депресија косопастот е поинтензивен од оној нормалниот.

Ако забележите дека ви паѓа косата, а претходно сте биле изложени на психофизички удар, можеби се работи за депресија.

pokachena-tezina-i-problemi-so-varenjeto-5-simptomi-na-prikriena-depresija-4.jpg

Проблеми со варење - дигестивните проблеми често одат рамо до рамо со психичките.

Доколку имате мачнини, промена во апетитот, лошење или други симптоми на стомачен вирус или труење (а сте сигурни дека не се предизвикани од вирус или труење), повторно преиспитајте се дали нешто влијаело врз вашата ментално здравје, што  би можело да предизвика стресна или депресивна состојба.

pokachena-tezina-i-problemi-so-varenjeto-5-simptomi-na-prikriena-depresija-5.jpg

Главоболки - главоболките поврзани со менталните проблеми и состојби често траат и по неколку дена, а не помага ниту еден лек што го земате. Доколку чувствувате непрекината главоболка извесен период, а сепак лекарските наоди се добри, проверете дали вашето психичко здравје е во ред.

pokachena-tezina-i-problemi-so-varenjeto-5-simptomi-na-prikriena-depresija-6.jpg

Покачување на тежината - намалена волја за физичка активност, а зголемена желба за зачинето, солено, благо и мрсно, симптоми кои ако не се ПМС (кај жените), може да укажат за благо (но и посериозно) нарушување на психичката состојба.

Не плашете се да побарате помош, можете само да си направите добро, да го сочувате и менталното здравје, но и здравиот изглед на телото.

pokachena-tezina-i-problemi-so-varenjeto-5-simptomi-na-prikriena-depresija-7.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg