Сè за тестот за бременост: Како и кога да го направите за најточни резултати?
Често се поставува прашањето дали и колку е веродостоен тестот за бременост направен во домашни услови? Изненадувачки, тој може да има над 99% точност.
Прва претпоставка за бременост кај сите жени е изостанувањето на менструацијата.
Други симптоми на кои треба да обрнете внимание, кои укажуваат дека има потреба да направите тест за бременост:
Иако менструацијата изостанува, сепак имате менструални болки во долниот предел на стомакот.
Градите ве болат и ви стануваат почувствителни. Може и да се појават потемни кругови околу брадавиците.
Се чувствувате „чудно“, имате лошење, изморени сте, имате аверзија кон одредена храна или чест нагон за одење во тоалет.
Кога треба да го направам тестот за бременост?
Тестот за бременост Surecheck ќе ви даде релевантен резултат дури и ако менструацијата ви доцни само еден ден.
Овулацијата се случува околу средината на вашиот циклус (14-ти ден ако циклусот ви трае 28 дена или отприлика околу 14 дена пред следната менструација), па така резултатот ќе биде над 99% точен дури и да го направите еден ден по доцнењето на периодот.
Како да се подготвам пред да го направам тестот?
Прво, подгответе се ментално. Тестирањето може да создаде мешани емоции, па важно е да имате соодветна поддршка од партнерот, пријателите и семејството. Не мора сите да знаат дека правите тест за бременост, но треба да имате барем една личност на која може да се потпрете во моментот.
Пред да го направите тестот исто така треба да проверите дали рокот на траење е во ред. Прочитајте го датумот на производство. Една од главните причини за неточен резултат е токму истечениот рок или погрешното чување на тестот.
Доколку тестот е купен поодамна, треба да внимавате на условите во кои бил чуван. Доколку бил заштитен од екстремна топлина или ниски температури и неотпакуван, во ред е да го користите.
Важно е да се тестирате наутро. Хормонот на бременост или HCG e најконцентриран и најизразен во првата урина, рано наутро, посебно ако се работи за рана бременост. Затоа, најдобро е да се тестирате наутро.
Имајте на ум дека внесот на голема количина течности неколку часа пред да се тестирате може да ја разводни урината, што понатаму може да го отежни добивањето на прецизен и точен резултат.
Уште една важна работа која не смее да ја заборавите е да го прочитате упатството на употреба. Иако мислите дека знаете сè, одвојте 5-10 минути плус за да ги разјасните можните дилеми.
Најважните симболи кои треба да ги знаете се линиите – ако има само една обоена линија, тогаш тестот за бременост е негативен. Доколку има две обоени линии во полето, тестот е позитивен.
Често прашање: Дали и матната втора линија значи дека сум бремена?
И матната линија значи дека тестот е позитивен, односно дека сте бремени. Нивото на HCG хормонот не е ист кај сите бремени жени.
Исто така важно е да прочитате колку време треба да почекате.
Оптималното време е 5 минути, па најдобро е да наместите тајмер. Тестот не би требало да го „заборавите,“ бидејќи ако го проверите по 30 минути или повеќе, резултатите не се веродостојни.
Штом времето исече, време е за проверка.
Доклку резултатот е позитивен, време е за следен чекор - закажување на термин кај вашиот матичен гинеколог за водење на бременоста понатаму.