8 симптоми дека вашето ментално здравје не оди во добра насока
Имате проблеми со сонот, не сакате да се социјализирате, носењето одлуки ви е пеколно тешко, а сексот последното нешто на ум.
Сите имаме лош ден кога ќе се скараме со партнерот, ќе добиеме казна за паркирање или колегите ќе нè извадат од такт и тоа е сосема нормално.
Но, кога забележувате подрастични промени во вашето расположение на долги патеки, време е за тревога.
Сигнали дека вашето ментално здравје не оди во добра насока:
Проблеми со спиењето
Шетањето низ домот до раните утрински часови и проблемите со заспивањето се еден од најочигледните проблеми дека нешто ве мачи.
Депресијата може да ве држи будни со денови и целосно да ве исцрпи.
Јадење премногу или премалку
Проблемите со менталното здравје влијаат врз апетитот, па внимавајте ако почувствувате драстична промена.
Некои луѓе јадат многу за утеха, додека на други не им се става залак во устата кога не се чувствуваат добро.
Губење на интерес за секојдневните активности
Загрижувачки е ако немате време и енергија за работите во кои вообичаено уживате.
Постојаното откажување планови е предупредувачки знак.
Промени во либидото
Немате интерес за секс, постојано сте истоштени или не се чувствувате доволно привлечни за да го сторите тоа.
Од друга страна пак, ако искусувате ментални проблеми како манија, може да имате огромна сексуална желба и никогаш да не ви биде доволно.
Проблеми со справување со секојдневните стресни ситуации
Стресот не е исто што и депресијата, но ако од најобични банални проблеми вие градите планини, тогаш време е за консултација со доктор.
Неодлучност
Малите одлуки како готвењето или големите како дали да ја промените работата ве излудуваат. Не можете да пресечете, тешко ви е да се концентрирате и постојано сте нервозни.
Преголема чувствителност
Ако го губите трпението на најмала кавга или почнувате да плачете затоа што сте го истуриле млекото, вашата ментална ситуација не е добра.
Водете дневник во кој ќе го запишувате вашето расположение секојдневно за да видите каква ви е емоционалната состојба.
Не се социјализирате
Сакате да исчезнете од радарот на другите луѓе и само да лежите дома свиени на креветот.
Откажувате планови и немате желба за средби и разговори со други луѓе.
С. С. | Црнобело