Исповед на човек што се бори со депресија: Што научив по една година земање антидепресиви?

„Тие не се магични апчиња на среќата, но ќе ви дадат енергија да водите нормален живот и да ја барате својата среќа“.

ispoved-na-chovek-shto-se-bori-so-depresija-shto-nauchiv-po-edna-godina-zemanje-antidepresivi-01.jpg

Еден маж одлучи отворено да проговори за долгата и тешка битка што ја води сo депресијата и за подемите и падовите во консумирањето на антидепресиви.

„Пред само една година бев мизерна личност што тоне во негативни емоции и мисли. Одев на работа, повремено имав по некој паничен напад, се враќав дома, плачев и се грижев дека некој ќе ми провали во домот или некој од луѓето што ги сакам ќе умре. Не беше многу забавно, мора да ви кажам.

И, иако пред една година беше периодот кога се чувствував најлошо, мора да признаам дека водам борба со мојот мозок подолго од една деценија. Но, токму минатата година се инспирирав од отвореноста и мотивираноста на други луѓе да признаам дека имам проблем, да сфатам дека не сум ужасно човечко суштество кое е осудено цел живот да се сожалува и појдов на доктор, надевајќи се на терапија.

Ми препиша антидепресиви, кои на почетокот не сакав да ги земам. Но, почнав да ги земам затоа што не можев да продолжам да живеам на начинот на живот на кој живеев. Сега, на почетокот од 2018-та години јас сум еден од милионите луѓе кои земаат антидепресиви. Веќе цела година го правам тоа и научив многу работи за нив.

ispoved-na-chovek-shto-se-bori-so-depresija-shto-nauchiv-po-edna-godina-zemanje-antidepresivi-02.png

Антидепресивите не се магични апчиња на среќата и не скокам од радост. Не танцувам по улиците гледајќи зајдисонца и виножита насекаде. Антидепресивите не ме ослободија од проблемите, ниту ме направија среќен, само направија да не сум мизерен. Тие се дозата животна енергија што ме вади од анксиозноста и депресијата и ми овозможува да ги правам работите што ме прават среќен, како зборување за моите емоции и вдомување миленичиња. Без антидепресивите не можев да пронајдам мотивација за да станам од креветот. Бев толку оптоварен од тешки мисли и ми беше напорно што сум жив, што не можев ниту да се грижам за себеси.

Антидепресивите ме носат до фаза во која можам да функционирам речиси нормално, тие магично не ми носат среќа, но барем ме прават способен да трагам по неа.

Пропратните ефекти понекогаш знаат да бидат лоши. Во првите седмици од консумирањето имав тресење, особено наутро, кое ме престрашуваше најмногу кога требаше да се симнам по скали. Исто така, спиењето ми беше комплетно изместено, па останував буден до доцна во ноќта, спиев по цел викенд итн.

По еден месец, пропратните ефекти се смирија. Единственото што остана беше чувството дека целото тело ми е суво – устата, лицето, усните како да ми плачеа за хидратација, но се справив со тоа со многу вода и балсам за усни. Пропратните ефекти знаат да бидат застрашувачки, но исчезнуваат по неколку седмици. Но, ако се претешки за вас, тогаш зборувајте со вашиот доктор за поинаква терапија.

ispoved-na-chovek-shto-se-bori-so-depresija-shto-nauchiv-po-edna-godina-zemanje-antidepresivi-03.jpg

Откако ги надминав стравовите дека антидепресивите комплетно ќе ме изменат и повеќе нема да бидам личноста што бев, на ред дојде скептицизмот. Што ако антидепресивите не ми помогнат?

И тогаш ми помогнаа, но по неколку месеци земање, придобивките исчезнаа, почнав да се двоумам повторно и престанав да ги земам. Тоа беше грешка. Треснав на земја, силно. Појдов кај мојот доктор да се пожалам за лекарствата, кои не ми делуваат повеќе.

Тој ме советуваше да направиме промени во дозата и повторно се чувствував добро. Бидејќи ефектот на антидепресивите не е драстичен и ненадеен, понекогаш ви е тешко да го забележите. Но, потоа погледнав наназад и сфатив колку подобро се чувствувам отколку пред една година. Што ми носи новата година и иднината, останува да видиме...“

ispoved-na-chovek-shto-se-bori-so-depresija-shto-nauchiv-po-edna-godina-zemanje-antidepresivi-04.png

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...
„Инсомнијата ми го уништи животот - ова е ужасен проблем, верувајте ми“ „Кулминацијата дојде во 2017 година. По обична вечера со пријатели, останав будн...
Вие прашувате, психолог одговара: „Постојано се плашам дека сум болна од нешто и дека умирам“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Кои третмани за коса треба да ги избегнувате ако страдате од мигрена, според доктор? Екстензиите за коса се еден од неколкуте третмани кои е најдобро да ги избегнува...
Вие прашувате, психолог одговара: „Сестра ми почина, како да разговарам со внукот на оваа тема?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg