Две вежби за дишење кои ќе ви помогнат да заспиете веднаш

Некогаш се случува и по топла бања и вистинско релаксирање во темница едноставно да не можеме да му се препуштиме на сонот.

2-vezbi-za-disenje-koi-ke-vi-pomognat-da-zaspiete-ko-bajce-2.jpg

Токму во тие моменти како нашиот мозок да прави анализа на сите минати и идни настани, па без разлика на фактот колку се чувствуваме исцрпени, само бледо гледаме во таванот и не можеме да заспиеме.

Специјалистот за дишење Ешли Нис верува дека начинот на кој што дишеме има директно влијание со самото заспивање.

Таа наведува дека самиот процес на дишење има потенцијал да го намали стресот, но и нивото на кортизол во организмот, а истовремено да поттикне природни реакции на релаксација на нашето тело.

2-vezbi-za-disenje-koi-ke-vi-pomognat-da-zaspiete-ko-bajce-3.jpg

Сепак ваквите придобивки се резултат на правилно дишење. Многумина од нас не се свесни дека најголемиот дел од времето дишат низ уста, наместо низ нос. 

Ешли смета дека потребно е континуирано да се потенцира ефикасноста на дишењето преку нос. Впрочем, таа нагласува дека ваквиот начин на дишење ја зголемува циркулацијата, ја намалува анксиозноста, го подобрува здравјето на белите дробови и ја зголемува функцијата на мозоко,т како и емоционалната интелигенција.

2-vezbi-za-disenje-koi-ke-vi-pomognat-da-zaspiete-ko-bajce-4.jpg

Како голем поборник за побавно и подлабоко дишење во текот на ноќта, Ешли потенцира дека правилното дишење во моментот кога не можете да заспиете претставува клучот за подобар ноќен одмор.

Па, немате што да изгубите, доколку имате проблем со несоницата, погледнете кои се двете едноставни техники за дишење на Нис:

ВЕЖБА 1: Продолжено издишување

- Ставете ја раката на стомакот

- Вдишувајте и издишувајте низ нос

- За време на дишењето, следете го природниот пораст и пад на абдоменот

- По неколку минути почнете да издишувате подолго отколку што вдишувате

- Повторувајте ја вежбата додека да заспиете

2-vezbi-za-disenje-koi-ke-vi-pomognat-da-zaspiete-ko-bajce-5.jpg

ВЕЖБА 2: Пребројувајте ги издишувањата

- Почнете со неколку вдишувања и издишувања низ нос

- Во период од една до две минути воспоставете бавен модел на дишење

- Почнете да ги броите своите издишувања од 1 до 5 и наназад. Не надминувајте со броење над 5, поентата е да се сконцентрирате на конкретните 5 издишувања. Доколку се изгубите почнете одново.

- Продолжете со броење се додека не заспиете

2-vezbi-za-disenje-koi-ke-vi-pomognat-da-zaspiete-ko-bajce-6.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg