Како да се заштитиме од настинки без да предизвикаме дополнителен пад на имунитетот?
Кога сме настинати инстинктивно посегнуваме по лимони или портокали, но вистината е дека тие повеќе помагаат при бактериски инфекции и пад на имунитетот.
Исто така, постојат уште неколку намирници коишто не само што не помагаат, туку може и да го отежнат или одложат закрепнувањето.
Шеќер - при настинка сосема е непотребно да се консумираат шеќери, што значи дека треба да го избегнувате кога пиете чај, а на индустриските сокови не треба ни да помислите.
Киселини - цитрусите се богати со витамини кои би помогнале во закрепнувањето, но содржат и киселини кои би го уништиле целото тоа дејство.
Користете ги во комбинација со други овошја за да направите свежо цеден сок или смути, за овие киселини да се разредат.
Кофеин - бидејќи кофеинот е диуретик, може да предизвика дополнително губење течности во веќе исцрпениот организам. Избегнувајте кафе, но и зелен и црн чај.
Заситени масти - тие се тешки за варење и за метаболитичките процеси. При настинка потребно ви е метаболизмот да работи со целиот капацитет.
С. У. | Црнобело