4 протеини кои ги топат масните наслаги на стомакот

Доколку сакате да ги стопите маснотиите и да го тонирате своето тело особено во пределот на стомакот, важно е да јадете здрава храна богата со протеини.

vratete-ja-energijata-itonirajte-go-teloto-4-proteini-koi-gi-topat-masnite-naslagi-na-stomakot-2.jpg

Ова можеби и не е некоја новост, со оглед на диететските совети кои секојдневно кружат по интернет мрежата, сепак важно е да се нагласи дека одредени протеини се навистина популарни кога е во прашање рамниот стомак.

Во продолжение погледнете кои 4 протеини се вистински избор доколку сакате рамен стомак:

Кисело млеко

Доколку не знаете што да појадувате, едно канче кисело млеко е вистински избор за почеток на дневното мени.

Киселото млеко е богато со добри бактерии кои што помагаат за побрзо варење на храната, како и при намалување на воспаленијата во цревата. Според едно истражување, дел од испитаниците кои што во текот на самото испитување секој ден јаделе по едно канче кисело млеко изгубиле 22% повеќе тежина и 81% повеќе телесни масти од учесниците кои не јаделе кисело млеко.

За да останете сити подолго време, во овој тип на млечен оброк можете да додадете и по една лажица ленено и чиа семе.

vratete-ja-energijata-itonirajte-go-teloto-4-proteini-koi-gi-topat-masnite-naslagi-na-stomakot-3.jpg

Лосос

Лососот е многу популарен и се спомнува речиси во секоја диета. Тој е еден од најздравите протеини кои што можете да ги внесете во вашиот организам преку исхраната.

Богат со омега-3, омега-6 масни киселини и витамин Б12, лососот е храна која што му помага на вашиот метаболизам да функционира побрзо и подобро да ги претвора мастите и протеините во трајна енергија.

vratete-ja-energijata-itonirajte-go-teloto-4-proteini-koi-gi-topat-masnite-naslagi-na-stomakot-4.jpg

Киноа

Пред било што важно е да напоменеме дека сите јаглехидрати не ни се непријатели. Додавањето киноата во вашата исхрана овозможува внес на високо-протеински влакна без глутен.

Ова е производ кој што ги содржи сите девет аминокиселини. Заменете го белиот леб и оризот со киноа, на овој начин освен што ќе бидете посити на овој начин ќе го стабилизирате и шеќерот во крвта.

vratete-ja-energijata-itonirajte-go-teloto-4-proteini-koi-gi-topat-masnite-naslagi-na-stomakot-5.jpg

Бадеми

Доколку сакате да грицкате нешто во вечерните часови, бадемите се вистински избор за тоа. Овие јатки се богати со витамин Е и истите помагаат при намалување на холестеролот, но и при намалување на масните наслаги во пределот на стомакот.

Бадемите се добри за срцето, но исто така се вистински извор на енергија доколку ги консумирате во утринските часови.

vratete-ja-energijata-itonirajte-go-teloto-4-proteini-koi-gi-topat-masnite-naslagi-na-stomakot-6.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg