Хигиенски грешки кои секојдневно ги правите (не)свесно
Понекогаш не сме ни свесни дека малите секојдневни работи и навики може да бидат многу штетни за нашето здравје.
Па така, постојано ги повторуваме и свесно или несвесно си ги намалуваме шансите за совршено здравје, а и изглед.
За некои работи сигурно знаете дека се штетни, лоши и не треба да ги правете, па потсетете се кои се тие и додадете нови на листата за кои не сте знаеле.
Грешки во хигиената кои треба да престанете да ги правите:
Грицкање нокти за да се справите со стресот
Најчесто потребата за грицкање нокти доаѓа како резултат на стресот и оваа навика се користи несвесно за да се надминат чувствата. Сепак е лоша за здравјето, како и за изгледот, па избегнувајте ја.
Памучни стапчиња за чистење уши
Многумина сè уште веруваат дека стапчињата за уши со памукче може да им помогнат да ги исчистат ушите, но со тоа прават спротивен ефект и ги туркаат нечистотиите навнатре, што предизвикува поголем проблем со тек на време.
Немиење раце по користење на тоалетот
Според истражувањата, иако звучи чудно, сепак има многу луѓе кои не ги мијат рацете по користење на тоалетот и повеќето од нив сметаат дека не е потребно и дека е губење време.
Неменување на четката за заби долго време
Четките за заби исто така собираат бактерии во текот на одреден период, што може да бидат штетни за вашето здравје, па стоматолозите препорачуваат да ги менувате на 2-3 месеци.
Нечистење на забите со конец
Не е важно колку темелно ги четкате забите со паста, сепак без секојдневно чистење со конец, не можете да ги исчистете сите остатоци и бактерии кои се кријат во устата.
Секојдневна ексфолијација на кожата на лицето
Претераното лупење и отстранување на мртвите клетки од кожата на лицето може да направи да изгледате постаро, па правете го тоа еднаш до двапати неделно.
Нечистење на работите кои секојдневно ги користите
Многу често луѓето го занемаруваат чистењето на малите предмети кои секојдневно ги користиме, како далечинскиот управувач, тастатурите, па дури и мобилните телефони, а тие се полни со бактерии.
Неправилно сечење нокти
Ако ноктите ги кратите премногу или нерамно, носењето чорапи и одењето во затворени чевли ќе ви биде проблем, исто како и растењето навнатре на ноктот што може да биде многу болно.
М. М. | Црнобело