6 одвратни работи што може да им се случат на вашите стапала

Од испукани петици и брадавици до габични инфекции на ноктите, проблемите со стапалата знаат да бидат навистина болни и долготрајни.

6-odvratni-raboti-shto-moze-da-im-se-sluchat-na-vashite-stapala-01.jpg

Постојано се грижите за тоа како изгледаат вашата коса и лице, но дали обрнувате доволно внимание на негата на стапалата или чекате да се појави некој проблем, па дури тогаш делувате?

Време е да ја смените оваа навика затоа што вашите стапала заслужуваат внимание, исто како и остатокот од вашето тело.

Редовната хигиена е неопходна за здрави и убави стапала. Еве дел од проблемите со кои најчесто се соочуваме:

Нокти израснати во месо

Сте почувствувале печење и ужасна болка кога нокотот ви расте во месо бидејќи лошо сте го исекле претходно? Ова дефинитивно не е пријатно чувство.

Не ви останува друга опција освен да ја трпите болката и да чекате сам да израсне, но ако ситуацијата стане сериозна и неподнослива, тогаш време е за мал хируршки зафат.

6-odvratni-raboti-shto-moze-da-im-se-sluchat-na-vashite-stapala-02.jpg

Испукани петици

Забележувате дека на вашите стапала започнаа да се појавуваат неколку линии, кои стануваат се подлабоки и полоши затоа што не преземате ништо во врска со нив? Испуканите петици не само што изгледаат одвратно, туку може и да болат.

Купувањето на некоја маст или вазелин и масирањето со неа секоја ноќ пред спиење ќе ви помогне во решавање на проблемот. Исто така, може да појдете на педикир.

6-odvratni-raboti-shto-moze-da-im-se-sluchat-na-vashite-stapala-03.jpg

Плускавци

Дали некогаш ви се случило едвај да одите затоа што на ногата имате плускавец? Толку мал, а предизвикува толкава болка.

За да го избегнете ова непријатно чувство купувајте меки и удобни чевли, а ако по секоја цена сакате да облечете некои неудобни, тогаш прво ставете фластери на критичните места, па облечете ги.

6-odvratni-raboti-shto-moze-da-im-se-sluchat-na-vashite-stapala-04.jpg

Габични инфекции

Габичните инфекции на стапалата често се случуваат кај луѓето што се занимаваат со спорт, но тоа не значи дека не се јавуваат и кај останатите. Кој сака неговите нозе да бидат заразени со бактерии што предизвикуваат иритација, нервоза и болка?

Помогнете си така што ќе носите чевли со подобра вентилација и избегнувајте да шетате боси, бидејќи можете да влезете во невидлив „вир“ од бактерии што го оставил некој друг.

6-odvratni-raboti-shto-moze-da-im-se-sluchat-na-vashite-stapala-07.jpg

Брадавици

Брадавиците ги предизвикува вирусот наречен Verruca vulgaris. Заразни се и може да се прошират и на другите делови од телото.

Брадавиците на стапалата може да бидат многу болни поради притисокот врз нив. Најдобар третман е внесување на витамин А, 2 пати на ден. Закрепнувањето е бавно и тешко, па консултирајте се со вашиот доктор за решенија како горење со азот.

6-odvratni-raboti-shto-moze-da-im-se-sluchat-na-vashite-stapala-08.jpg

Инфекции на ноктите

Габичните инфекции ги задебелуваат вашите нокти и прават да изгледаат лошо.

Добро е што не се заразни, но лошата вест е што може да се контролираат, но не може сосема да се излечат. Во оваа ситуација најдобро решение ви се оралните лекарства и спрејот против габични инфекции.

6-odvratni-raboti-shto-moze-da-im-se-sluchat-na-vashite-stapala-09.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg