6 трикови како да го заштитите организмот од празнично прејадување

Поминаа новогодишните забави, а уште се свежи и сеќавањата од прославувањето на „најлудата“ ноќ...

6-trikovi-kako-da-go-zastitite-organizmot-od-praznichnoto-prejaduvanje-2.jpg

Високо калоричната храна беше и сѐ уште е дел од нашето секојдневно мени, а секако на трпезата беше неизбежно и присуството на алкохолните и безалкохолните пијалоци.

6-trikovi-kako-da-go-zastitite-organizmot-od-praznichnoto-prejaduvanje-3.jpg

Ред е да се присетиме дека во претстојниот период доаѓаат и Бадник и Божиќ, а уште попотребно е и да се потсетиме на фактот дека една просечна празнична гозба може да го „почести“ нашиот организам и со повеќе од 6.000 калории.

Па така, не треба да сме експерти за да ни е јасно дека ова е многу повеќе од препорачаниот дневен внес на калории,

Во продолжение погледнете неколку трикови со чија примена ќе можете да јадете, а сепак да не го шокирате организмот:

- Иако се празници, задржете ги дневните рутини на вежбање и физичка активност, макар тоа да е и само пешачење. Прошетајте по оброкот и користете скали, наместо лифт.

6-trikovi-kako-da-go-zastitite-organizmot-od-praznichnoto-prejaduvanje-4.jpg

- Доколку сте на гости, не земајте „репете“ само за да ги пофалите домаќините.

- Водете сметка за внесот на алкохол во организмот, преполн е со шеќери и калории. Консумирајте го разумно и во мала мера. Според нутриционистите виното се смета за алкохолен пијалок со најниска калориска вредност.

6-trikovi-kako-da-go-zastitite-organizmot-od-praznichnoto-prejaduvanje-5.jpg

- Грицките не заменуваат оброк. Подобро е да ги избегнете или да земете сосема малку, а да имате целосен оброк за ручек или вечера.

- Не прескокнувајте го појадокот - можеби единственото златно правило на исхраната што останало непроменето сите овие години важи и за празничниот период.

- Јадете полека. Доколку брзате, може да не почувствувате кога сте навистина сити и да се прејадете. Истото правило важи и за по празниците.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg