Вриете од нервоза? 25 совети како да се смирите за 5 минути
Замижете, дишете длабоко, помирисајте ја таа шолја прекрасно кафе и омиленото цвеќе во вазната. Животот е еден, не смее да ви мине во нервози.
Знаеме – зафатени сте! Имате тон работа, обврски околу домот, дополнителни активности и 24 часа ви се премалку за да постигнете сè.
Често сте нервозни и уморни и не можете да го смирите умот.
Но, не грижете се со овие трикови за само 5 минути ќе бидете како нови:
- Започнете да го планирате одморот. Па што ако е далеку, агенциите веќе имаат објавено аранжмани.
- Разговарајте со најдобриот пријател, еден ден ќе му ја вратите услугата.
- Пуштете си смешно видео на YouTube или прочитајте некој виц.
- Милувајте се со своето милениче.
- Направете си шолја кафе и уживајте во мирисот.
- Помирисајте портокал или лемон и аромата ќе ви го смири мозокот.
- Есенцијалните масла со различни мириси, исто така се одлична идеја.
- Купете си го омиленото цвеќе.
- Решавајте крстозбор и ќе го тргнете умот од проблемите.
- Станете и танцувајте, ендорфинот веднаш ќе почне да се излачува и ќе ве ослободи од стресот.
- Напишете што ве мачи и инстантно ќе се збогувате со анксиозноста.
- Трчајте или направете некои куси интензивни кардио вежби. Ќе го забрзате испумпувањето на крвта.
- Измасирајте си ги стапалата или дланките.
- Затворете ги очите на миг, ова е наједноставниот начин да избегате од реалноста. Вдишете неколку пати длабоко и ресетирајте се.
- Замислете нешто што ве прави многу среќни.
- Организирајте се со мислите и со хартиите за да постигнете продуктивност.
- Наместо во телефонот, погледнете кон прозорецот, светот е таму надвор.
- Затворете се во просторија во која ќе можете да бидете сами далеку од сè барем на кратко.
- Исчешлајте си ја косата или вклучете ја машината или измијте ги садовите. Активностите со повторувачки движења релаксираат.
- Ставете го зглобот под млаз студена вода. Студената вода ќе допре до поголемите артерии и ќе се релаксирате.
- Бројте до 10 полека, а потоа и назад.
- Ставете ја главата на перницата и тоа веднаш ќе ве смири.
- Земете гума за џвакање со овошен вкус или мента.
- Каснете малку темно чоколадо, тоа ќе ви го регулира кортизолот и метаболизамот.
- Направете си шолја зелен чај.
С. С. | Црнобело