Џвакајте сирење, не мастика: Храна која ви ги прави забите блескаво бели и здрави

Насмевката не ве чини апсолутно ништо, но важно е таа да биде здрава и блескава.

dzvakajte-sirenje-ne-mastika-hrana-koja-vi-gi-pravi-zabite-bleskavo-beli-i-zdravi-03.jpg

Денес трошиме цело богатство на корекции, поправање, навлаки и избелување на забите, без да знаеме дека храната која ја внесуваме може да ни реши дел од тие проблеми.

Па, пред да посегнете по хемиско избелување, пробајте почесто да ги консумирате овие 9 прехранбени продукти и забележете ја разликата:

Џвакајте сирење, наместо гума за џвакање

Одличен извор на калциум, кој е клучен за здравјето на забите, а покрај тоа и го покачува pH нивото на 5,5, па во оваа средина е отежнато расипувањето на забот.

dzvakajte-sirenje-ne-mastika-hrana-koja-vi-gi-pravi-zabite-bleskavo-beli-i-zdravi-01.jpg

Куркума наместо лекови

Истражувањата докажуваат дека куркумата може да реши сериозни проблеми со забите почнувајќи од обична болка, па до надуени непца, гингивитис и периодонтитис.

dzvakajte-sirenje-ne-mastika-hrana-koja-vi-gi-pravi-zabite-bleskavo-beli-i-zdravi-02.jpg

Краставица наместо лимон

Влакната во краставицата ги чуваат и избелуваат забите многу подобро од лимонот, бидејќи во својот состав немаат киселини кои ја оштетуваат површината на забот.

dzvakajte-sirenje-ne-mastika-hrana-koja-vi-gi-pravi-zabite-bleskavo-beli-i-zdravi-03.jpg

Јагоди наместо било кој друг десерт

Јагодите се моќен избелувач на забите и се богати со витамин Ц. Доколку ги помешате со сода бикарбона, добивате извонредно природно средство кое ќе ви овозможи блескаво бели заби.

dzvakajte-sirenje-ne-mastika-hrana-koja-vi-gi-pravi-zabite-bleskavo-beli-i-zdravi-04.jpg

Тофу, доколку пиете многу газирани пијалаци

Тофуто е богато со калциум, а покрај тоа се препорачува негово почесто консумирање на лицата кои пијат големи количини газирани пијалаци, бидејќи ги заштитува забите од шеќерите во нив.

dzvakajte-sirenje-ne-mastika-hrana-koja-vi-gi-pravi-zabite-bleskavo-beli-i-zdravi-05.jpg

Зелен наместо црн чај

Зелениот чај е богат со полифеноли, кои помагаат во борбата против бактериите во устата и забите. Плус, е одличен освежувач на здивот.

dzvakajte-sirenje-ne-mastika-hrana-koja-vi-gi-pravi-zabite-bleskavo-beli-i-zdravi-06.jpg

Кокос vs. чоколадо

Кокосовото масло прави чуда за здравјето на забите. Исплакнете ја устата со кокосово масло, држете го 15-20 минути и потоа плукнете. Ова е посебно препорачливо на луѓето кои консумираат големи количини чоколадо и слатки.

dzvakajte-sirenje-ne-mastika-hrana-koja-vi-gi-pravi-zabite-bleskavo-beli-i-zdravi-07.jpg

Целер за чистење од солени грицки

Целерот е свеж и крцкав и ви помага да ги исчистите непцата, со што спречувате создавање на парадонтални џебови.

dzvakajte-sirenje-ne-mastika-hrana-koja-vi-gi-pravi-zabite-bleskavo-beli-i-zdravi-08.jpg

Кромид

Можеби не гарантираат добар мирис, но дефинитивно ќе ве заштити од формирање на наслаги на забите. Плус, ја олеснува болката во забите и непцата.

dzvakajte-sirenje-ne-mastika-hrana-koja-vi-gi-pravi-zabite-bleskavo-beli-i-zdravi-09.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg