Здравствени придобивки од еден викенд поминат на планина
Чист воздух, чиста вода, здрава храна и комбинација од пешачење и зимски спортови – нема на кого не му одговара престојот на планина.
Планинскиот воздух главно ја подобрува крвната слика, работата на белите дробови и срцето, но и го зајакнува имунитетот.
Тогаш, зошто секој викенд да не го искористите и да се искачите на нешто повисок надморска висина?
Што добивате од само еден викенд поминат на планина?
Аеротерапија – лечење со воздух
Квалитетот на воздухот е клучен за здравјето, па секој од нас би требало барем 30 минути во денот да вдишува длабоко планински воздух. Тоа го поттикнува циркулирањето на крвта и чистењето на организмот.
Изложувањето на свеж планински воздух е посебно добар за оние кои патат од реуми, болести на нервите, срцеви потешкотии, кожни болести, респираторни проблеми, како и психички нарушувања.
Шетањето може да ви го спаси животот
Луѓето се посреќни кога активно печашат, а и поздрави. Во просек, за 10% до 20% се намалува ризикот од кардиоваскуларни болести кога почесто пешачите.
За постигнување и сочувување на доброто здравје се препорачуваат минимум 30 минути поминати во прошетки, неколкупати во неделата.
Планинискиот воздух ја подобрува крвната слика
Планинскиот воздух поволно влијае на имунитетот, бидејќи е почист и помалку влажен. Бидејќи е сув, полесен е за вдишување и побрзо може да го почувствувате како циркулира низ градите.
Неговото вдишување ви помага да ги исфрлите токсините.
Покрај тоа, планинскиот воздух помага да се зголеми нивото на хемоглобин, што поволно влијае на здравјето, бидејќи се олеснува дотокот на кислород во крвта. Идеално би било доколку имате 14 дена да останете на планински воздух за крвната слика целосно да се поправи.
Против алергии
Микроорганизмите кои се невидливи за голо око, а често создаваат алергии како чувствителност на домашна прашина, имаат отежнато размножување на надморска висина над 1.000 метри.
Затоа, непријатните реакции како кивавици, кашлање, течење на носот и свирење во градите исчезнуваат по само неколку дена поминати на планина.
Психотерапија и мир
Прав мевлем за душа се планинските звуци и погледи, кои не се нарушени од гужви, автомобили или човечки џагор.
Погледот и мирисот на природата се вид на психотерапија и смирување на телото и умот.
На колкава надморска висина максимум смее да се изложите?
1.500 метри надморска висина е границата за луѓето со респираторни проблеми, додека 800 метри надморска висина е границата која не смее да се премине за луѓето со ревматски болести.
Пресој на планини повисоки од 800 метри не им се препорачува ни на дечињата помали од 1 година, како и на лицата постари од 60 години.
М. Д. | Црнобело