Домашни пастили од 2 состојки против болно грло
Зачекоривме во сезоната на грип и настинки, а тоа значи дека треба да го најдеме најефикасниот начин да се избориме со нив во најкраток можен рок.
За среќа, овие домашни пастили можат лесно да го смират иритираното грло, а се лесни и евтини за подготовка.
Состојки:
- 1 шолја вода во која сте потопиле лековити билки (свежи или суви) на пример мајчина душичка, корен од слез, камилица, ментол
- 1 ½ шолја мед
Постапка:
Водата доведете ја до точка на вриење и потоа ставете ги одбраните билки. Количината зависи од вас, колку сакате вкусот и аромата да бидат силни. Оставете ги билките да отстојат 20 минути во водата, па потоа процедете.
Во друг сад измешајте ja водата со арома од билки со медот. На средна јачина затоплувајте околу 30 минути, односно додека не достигне температура од 150 степени.
Смесата треба да почне да пени и да се одвојува кога ќе капе од лажицата.
Смесата ставете ја во тава, претходно намачкана со кокосово масло, за да не се залепи. Ладете додека да можете да ја допрете со раце и да обликувате пастили.
Обликуваните пастили ставете ги на хартија за печење додека целосно не се оладат, а потоа посипете ги со шеќер во прав за да не се залепат една за друга.
М. Д. | Црнобело