Што сè прави лажичка кокосово масло на празен стомак?
За човечкиот организам, кокосовото масло на празен стомак претставува благодет кој може да го поправи целокупното здравје.
Има пријатен мирис, содржи вода и мали количини масли киселини. Најдобро е да се користи на празен стомак.
Врз основа на различни истражувања, докажано е дека придобивките од неговото користење наутро, на гладно, се следниве:
1. Луѓето кои консумираат по 1-2 лажички кокосово масло дневно имаат поголеми шанси да го смалат обемот на струкот, бидејќи ова масло ефикасно ги согорува калориите кои се акумулираат во организмот.
2. Кокосовото масло го поттикнува губењето на килограми, па затоа се препорачува да се вметне во здравиот начин на исхрана.
3. Бидејќи ве заситува, кокосовото масло помага да се потроши целата храна која е внесена, без итна потреба од нов оброк.
4. Благодарение на кокосовото масло храната која ја внесувате многу полесно и побрзо ќе се вари.
5. Помага организмот полесно да ги впие сите хранливи вредности од храната која ја внесувате.
6. Кокосовото масло исто така е добар заштитник од воспаленијата.
7. Ја забрзува работата на метаболизмот.
8. Зголемената енергија е уште една придобивка која ќе ја почувствувате доколку почнете да консумирате по 1 лажичка кокосово масло.
9. Хемискиот состав на кокосовото масло е способен да го спречи создавањето на камчиња во бубрезите.
Колкава количина ви е дозволена?
Најдобро е да се водите според тежината која ја имате.
За лицата со тежина помеѓу 40 и 59 килограми, дозволени се најмногу 3 лажички дневно.
За лицата со тежина помеѓу 60 и 80 килограми, дозволени се 4,5 лажички дневно.
За лицата со тежина над 80 килограми, дозволени се 6 лажички кокосово масло дневно.
М. Д. | Црнобело