5 витамини и минерали кои жените по 30-тата треба да ги консумираат редовно

Храната би требало да ги задоволи поголемиот процент од дневните потреби за витамини и минерали. Меѓутоа, со оглед на нејзината ниска хранлива вредност со текот на годините, тоа станува се потешко.

5-vitamini-i-minerali-koi-zenite-po-30-tata-treba-da-gi-konsumiraat-redovno-01.jpg

Токму затоа, нема ништо страшно да посегнете по неколку додатоци во исхраната.

Жените во 30-тите веќе треба да се фокусирани на превенција од стареењето, одржување на доброто здравје заради бременост, но и заради одржување на нивото на енергија.

Токму затоа, треба редовно да ги консумираат следниве 5 витамини и минерали:

1. Витамини Е и Ц

Го штитат телото од слободните радикали кои придонесуваат за развој на многу модерни болести, но и го штитат телото од процесот на стареење. Токму затоа секој ден би требало да внесуваат барем 15 mg витамин Е и 75 mg витамин Ц.

2. Витамин Б9

Жените кои планираат бременост во 30-тите треба да внесуваат поголеми количини витамин Б9, односно фолна киселина.

5-vitamini-i-minerali-koi-zenite-po-30-tata-treba-da-gi-konsumiraat-redovno-02.jpg

3. Витамин Д и калциум

Дамите во 30-тите веќе сериозно треба да размислуваат за здравјето на коските. Додатоците како калциум доаѓаат во комбинација со витамин Д, кој ја подобрува апсорпцијата.

4. Железо

Железото е важен минерал, посебно за жените кои имаат обилни менструации или се бремени. Недостатокот на железо предизвикува замор, ја зголемува шансата за инфекции, односно го спречува телото да ја одржува нормалната телесна температура. Жените би требало да внесуваат минимум 18mg железо дневно.

5. Магнезиум

Ако мускулите неконтролирано ви се грчат или чувствувате замор, веројатно ви недостасува магнезиум. Секој ден би требало да внесувате околу 350mg магнезиум, а трудниците барем 100mg повеќе.

5-vitamini-i-minerali-koi-zenite-po-30-tata-treba-da-gi-konsumiraat-redovno-03.jpg

Како да ги консумирате суплементите?

Витамините обично е добро да ги земате наутро, по појадок.

Железото е препорачливо да го пиете 1-2 часа по оброкот, односно да го пиете со овошен сок.

Калциумот и магнезиумот најпаметно е да ги земате со вечерата.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg