Подобра меморија, поконцентриран мозок: Зошто е добро да зборувате со себе?
Дали и вие бевте од оние средношколци или студенти што учеа на глас? Експертите тврдат дека вашата навика била одлична.
На луѓето што си зборуваат со себе, често им се лепи епитетот „луди“. Но нареден пат кога ќе видите човек што си зборува со себе, пред да го прогласите за луд, размислете два пати, бидејќи всушност тој можеби е генијалец.
Многу истражувања дојдоа до заклучокот дека зборувањето со себе може да ја поттикне вашата способност да ги преработите и складирате информациите на кои наидувате на дневна база.
Зборувањето со себе ќе ви помогне да учите побрзо и поефикасно и ќе ви ја подобри меморијата. Вербалната стимулација позитивно влијае врз способноста за перципирање и обработка на информациите.
Експертите тврдат дека зборувањето со себе носи многу придобивки, еве дел од нив:
Ја подобрува моќта на мозокот
Неодамна е спроведен експеримент, кој откри дека субјектите кои ги повторувале имињата на предметите биле во можност да ги најдат овие предмети во зададениот прашалник многу побрзо.
Разговорот со себе ќе ви помогне да се подготвите за задачата што ја имате пред вас и ќе ви ја подобри меморијата.
Им помага на децата да учат побрзо
Децата имаат голема корист од говорот упатен кон самите себеси.
Ова помага во насочувањето на нивното однесување и им ја подобрува способноста да ги решаваат проблемите пометодично.
Помага да направите подобри избори
Психолозите тврдат дека преку зборувањето со себе ќе си помогнете да направите подобри избори во животот, без разлика за што се тие.
Вокалното обраќање до себе прави да им обрнете поголемо внимание на важните одлуки.
Ве мотивира
Повторувањето на своите цели и амбиции на глас ја зајакнува вашата мотивација и прави да се трудите повеќе да стигнете до нив.
Вашиот ум ќе биде насочен кон тоа и одлучноста ќе ви биде на повисоко ниво.
С. С. | Црнобело