7 работи кои ниту една жена не треба да ги доближува до интимната зона

Сите жени сметаат дека знаат апсолутно се за своето тело, а сепак несвесно самите го нарушуваат интимното здравје.

7-raboti-koi-nitu-edna-zena-ne-treba-da-gi-doblizuva-do-initimnata-zona-001.jpg

За да не ви се повтори здодевната инфекција или иритација, обидете се да ги држите овие неколку работи подалеку од интимната зона:

1. Креми за депилација

Во никој случај не ги користете за интимните делови. Содржат силни хемикалии (може да забележите од самиот мирис), па дури и да се тврди дека се безбедни за чувствителна кожа, избегнувајте да ги користите за бикини депилација.

7-raboti-koi-nitu-edna-zena-ne-treba-da-gi-doblizuva-do-initimnata-zona-1.png

2. Масло од чајно дрво

Или било какво друго етерично масло/препарат кој не е препорачан од вашиот гинеколог. Многу лесно може да ја нарушите pH вредноста доколку го нанесете на интимните делови.

7-raboti-koi-nitu-edna-zena-ne-treba-da-gi-doblizuva-do-initimnata-zona-2.jpg

3. Директно насочен млаз со вода

Големо не. Чистењето треба да биде суптилно и нежно, не директно. На овој начин ризикувате да се развијат многу инфекции заради нарушена неутрална средина.

7-raboti-koi-nitu-edna-zena-ne-treba-da-gi-doblizuva-do-initimnata-zona-3.jpeg

4. Тетоважи

Покрај тоа што е лоша одлука за цел живот да ги истетовирате интимните делови, ќе се изненадите колку алергиски реакции и инфекции може да се создадат.

7-raboti-koi-nitu-edna-zena-ne-treba-da-gi-doblizuva-do-initimnata-zona-4.jpg

5. Синтетичка долна облека

Најчестата грешка – долна облека од полиестер. Дозволете им на интимните делови да „дишат“ преку памучна долна облека.

7-raboti-koi-nitu-edna-zena-ne-treba-da-gi-doblizuva-do-initimnata-zona-5.jpeg

6. Силни детергенти

Долната облека треба да биде беспрекорно чиста, но тоа не значи дека треба да користите силни детергенти.

7-raboti-koi-nitu-edna-zena-ne-treba-da-gi-doblizuva-do-initimnata-zona-6.jpeg

7. Пареа

Опуштањето во спа центар е одлично за целото тело, освен за вашите интимни делови. Ограничете го времето кое го поминувате во влажни средини за да ги намалите шансите за инфекции. Исто така, не пробувајте разни третмани со пареа кои гарантираат „детоксикација“ на интимните делови.

7-raboti-koi-nitu-edna-zena-ne-treba-da-gi-doblizuva-do-initimnata-zona-7.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg