Што значи киселост на организмот и како да се задржи алкалноста во телото?

Дали сте слушнале за терминот „кисел организам?“ Многу пати сме го слушнале терминот рН вредност на организмот, но малкумина знаат што навистина значи тоа.

Dali-vaseto-telo-e-kiselo-01.jpg

Имено, pH (potential of hydrogen) ни дава до знаење колку еден производ, материјал или средина е алкална, односно богата со кислород или пак кисела, што означува дека има недостиг од кислород.

pH вредностите се движат од 1 до 14. Средната вредност, односно 7 се смета за неутрална. Колку рН вредноста е повисока од 7, толку телото е поалкално и обратнопропорционално – колку вредноста е пониска, толку телото е покисело.

Доколку се прашувате што го нарушува рН балансот во организмот и го прави вашиот организам кисел, одговорот лежи во лошата исхрана.

Доколку премногу јадете месо, зависни сте од шеќер, рафинирани односно преработени производи полни со конзерванси и адитиви, не можете да се откажете од кафе и алкохол - одговорот е јасен.

Храната која го скиселува нашиот организам на подолг временски рок може да биде многу опасна. Киселоста ги осиромашува коските од минерали, а мускулите од протеини.

Коските со цел да ја повратат алкалноста почнуваат да ослободуваат магнезиум и калциум, а мускулите започнуваат да се разложуваат за да произведат амонијак кој е високо алкален и штетен.

Киселоста на организмот може да доведе до губење на мускулната маса и појава на остеопороза, па она што е особено важно е за нас е да знаеме како да ја задржиме алкалноста на телото за подобро здравје.

Дали сте знаеле дека зголемената киселост на телото го потхранува карциномот?

Одделни научници тврдат дека карциномот е вид одбранбен механизам кој го користат нашите клетки за да може да преживеат во киселата средина, без доволна количина на кислород.

Телото работи навистина напорно за да одржи баланс. Секогаш кога ќе направиме некој лош избор во поглед на храна и пијалаци, тоа работи двојно понапорно за да го смири организмот.

За да бидеме во одлична форма и да го зачуваме здравјето, нашиот организам треба да биде благо алкален, односно рН вредноста да изнесува помеѓу 7.365 и 7.450.

Со цел да неутрализирате некоја киселина, потребно е да се внесе 10 пати поголема алкалност во телото.

Која храна е алкална?

Алкалната храна може да се подели во 3 групи: високо алкална, средно алкална и ниско алкална храна.

Високо алкални намирници: брокула, кељ, аспарагус, магдонос, спанаќ, лук, кромид, маслиново масло, ленено семе, лимон, лимета, лубеница, диња, манго, суви урми и суви смокви. Од пијалаци дадете ѝ предност на алкализираната вода, цедениот лимон и хербалните чаеви.

Средно алкални намирници: цвекло, целер, ротквици, краставица, марула, тиквички, авокадо, банани, ананас, домати, јаболка, кајсии, киви, круши, праски. Лененото семе и непечените бадеми исто така се во оваа група, а од пијалаците се дава предност на зелениот чај, како и јаворовиот сируп за засладување.

Ниско алкални намирници: карфиол, зелка, грашок, компири, моркови, печурки, маслинки, малини, јагоди, калинки, цреши, портокали, киноа, леќа и интегрален ориз. Козјото млеко и сирење, како и соиното млеко и сирење се исто така во оваа група. Од јаткастите плодови се издвојуваат лешниците и костените, а од пијалаците чајот од свеж ѓумбир. Нерафинираниот мед и необработениот шеќер се исто така ниско алкални намирници.

Јадејќи што е можно повеќе алкална храна, го преплавуваме нашето тело со витамини, ензими, минерали и кислород. Здравата храна е креатор на здрави клетки и добри мисли.

Со цел да го одржиме оптималното pH ниво на нашиот организам треба да внесуваме минимум 60% алкална и максимум 40% кисела храна.

Имајте предвид дека доколку боледувате од нешто, овој сооднос треба да изнесува 80:20.

Не треба да заборавите и да вежбате. Вежбањето му помага на телото да се снабди со кислород и полесно го регулира балансот на алкалноста.

Dali-vaseto-telo-e-kiselo-02.jpg

Која храна е неалкална и го скиселува организмот?

Можеби претпоставувате, но ова се намирниците кои треба да ги избегнувате и да се стремите кон нивно намалување:

  • Рафинирани масла
  • Сите видови слатки, како и чоколадо и сладолед
  • Газирана вода
  • Кујнска сол
  • Конзервирана и процесирана храна во чиј состав има соино масло и масло со висока содржина на есенцијални масни киселини омега – 6.
  • Месо и морски плодови
  • Бел леб и жито, тестенини
  • Индустриски произведени зачини
  • Сувомеснати производи
  • Маргарин
  • Мајонез и кечап
  • секаква индустриска храна во Кафе
  • Алкохолни пијалаци
  • Кикиритки и ореви
  • Вештачки засладувачи

На крајот вреди да се запрашате – зошто би внесувале нежива храна во организмот доколку сакате да се чувствувате живо? Зошто би внесувале нездрава храна доколку сакате да се чувствувате здраво?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg