5 показатели дека одењето ви е неправилно

Чекорите може да ја откријат психолошката состојба на човек, но и здравствените проблеми кои ги крие. Треба само да научите да ги читате знаците.

5-pokazateli-deka-odenjeto-vi-e-nepravilno-001.jpg

Овие 5 знаци ќе ви помогнат да дијагностицирате дали и каков здравствен проблем имате:

1. Отпечатоци од чевлите

Отпечатокот од чевлите треба да ви изгледа слично како на илустрацијата во средина.

Ако повеќе наликува на левата или десната верзија, со нееднакво распореден притисок, треба да ги промените чевлите, да го проверите држењето на телото и да проверите да не случајно патите од рана фаза на артритис.

5-pokazateli-deka-odenjeto-vi-e-nepravilno-1.jpg

Отисокот од стапалото пак треба да изгледа вака:

5-pokazateli-deka-odenjeto-vi-e-nepravilno-2.jpg

2. Чекори

- Прекратките чекори се знак за повреда и болка во колениците.

- Нишањето на колковите е предизвикано од слаби мускули во грбот.

- Гласните чекори може да се знак за губење на чувствителноста во нозете.

- Нишањето при одење е знак за слабост и недоволна контрола над долните екстремитети. Исто така може да е предизвикано и од притисок врз лумбалниот нерв.

- Потскокнувањето е знак за преморени мускули на листовите од нозете.

- Куцањето со една нога е знак за повреда кој не смее да го игнорирате.

5-pokazateli-deka-odenjeto-vi-e-nepravilno-3.jpg

3. Држење на телото

Најлесен начин да одредите дали здравјето ви е стабилно е да погледнете во каков облик ви е ‘рбетот додека чекорите.

Треба да одите со исправен ‘рбет и исправени раменици.

Секое накосување наназад или нанапред е знак за блага депресија или анксиозност, што понатаму доведува до болки во мускулите по целото тело.

5-pokazateli-deka-odenjeto-vi-e-nepravilno-4.jpg

4. Главата

Повторно истото правило – вратот мора да е исправен и под агол од 90 степени во однос на подот.

Навалената глава повторно може да ги предизвика истите проблеми како неправилното држење на ‘рбетот.

5-pokazateli-deka-odenjeto-vi-e-nepravilno-5.jpg

5. Раце

Клучно е рацете да ви се слободни, односно да не ги чувате во џебовите. Исто така, доколку носите тежина, важно е да ја распоредите рамномерно.

Рацете во џеб може да предизвикаат повреди доколку случајно се сопнете, а немате време да се заштитите со нив.

5-pokazateli-deka-odenjeto-vi-e-nepravilno-7.jpg

Нерамномерно распоредените кеси во рацете предизвикуваат искривување на ‘рбетот.

5-pokazateli-deka-odenjeto-vi-e-nepravilno-6.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg