Смејте се почесто: 6 чудни трикови како да го забрзате метаболизмот и да ја намалите тежината

Секој посакува да има витко и здраво тело, а во тоа голема улога игра и работата на метаболизмот.

smejte-se-pochesto-6-chudni-trikovi-kako-da-go-zabrzate-metabolizmot-i-da-ja-namalite-tezhinata-01.jpg

Сигурно многупати сте се запрашале што можете да направите за метаболизмот побрзо да ви работи и сте читале на таа тема.

Постојат мали и едноставни чекори со кои лесно ќе го постигнете посакуваниот ефект.

Прочитајте кои се тие работи кои треба да почнете или да престанете да ги правите:

Не претерувајте со вежбање

Заборавете на неколкучасовни тренинзи – научниците откриле дека луѓето кои имаат кратко интензивни тренинзи (5 серии по 30 секунди) горат 200 калории повеќе.

Брзо и ефективно – нели тоа го посакува секој? Па, потребни ви се само неколку минути за да го стимулирате метаболизмот, а резултатите брзо ќе се појават.

smejte-se-pochesto-6-chudni-trikovi-kako-da-go-zabrzate-metabolizmot-i-da-ja-namalite-tezhinata-02.jpg

Намалете ја светлината пред спиење

Премногу светлата околина или екран на смартфоните го попречува лачењето на мелатонин – хормон за спиење. Како последица на тоа, може да се појави несоница, а метаболизмот да успори.

Внесете во исхраната ладно цедено маслиново масло

Здравите масти, како маслиновото масло не се само општо корисни, туку можат да му помогнат на телото да функционира подобро и да ја намали потребата за глад.

Бирајте ладно цедено маслиново масло бидејќи тоа содржи најмногу хранливи состојки.

smejte-se-pochesto-6-chudni-trikovi-kako-da-go-zabrzate-metabolizmot-i-da-ja-namalite-tezhinata-03.jpg

Јадете сенф

Научници од Оксфорд откриле дека со консумирање 1 лажица сенф дневно, метаболизмот забрзува за 25% во текот на следните неколку часа после јадењето.

Ароматерапија

Есенцијалните масла не се само корисни за прекрасен мирис во домот, туку помагаат и за забрзување на метаболизмот, намалување на апетит и подобрување на расположението и варењето.

Маслото може да се измеша во крема за тело или да се вдишува преку свеќник за арома.

smejte-se-pochesto-6-chudni-trikovi-kako-da-go-zabrzate-metabolizmot-i-da-ja-namalite-tezhinata-04.jpg

Смејте се почесто

Можеби звучи неверојатно и чудно, но смеењето не само што го подобрува расположението, туку и помага во согорување калории. Не си го спречувајте задоволството и смејте се почесто – телото ќе ви се заблагодари.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg