Алтернативи на месото: Oдлични извори на протеини кои ја одржуваат килажата
Оние кои редовно вежбаат, сигурно на менито имаат многу пилешко месо поради високиот процент на протеини кои ги содржи.
Но, ако јадете пилешко речиси секој ден, за кратко време може да ви здодее, па добро е да направите мала промена. Истражувањата велат дека луѓето кои внесуваат 30% калории од протеини на дневно ниво во однос на оние кои земаат 15% протеини, внесуваат 411 калории помалку во текот на денот.
Следниве намирници богати со протеини се одлична алтернатива за месото, здрави се и ќе ви помогнат да ја одржите килажата:
Црн грав
Порција: ½ шолја
Протеини: 8 грама
Бакалар
Порција: 110 грама
Протеини: 24 грама
Јајца
Порција: 1 поголемо јајце
Протеини: 6 грама
Белки
Порција: 2 белки
Протеини: 8 грама
Семки од коноп
Порција: 30 грама
Протеини: 10 грама
Шунка
Порција: 100 грама (4 парчиња)
Протеини: 20 грама
Семки од тиква
Порција: 100 грама
Протеини: 5 грама
Сардина од конзерва
Порција: 3 сардини
Протеини: 24 грама
Ракчиња
Порција: 100 грама
Протеини: 24 грама
Туна од конзерва
Порција: 100 грама
Протеини: 28 грама
Лосос
Порција: 100 грама
Протеини: 28 грама
М. В. | Црнобело