Зуење во ушите - Причини заради кои често се појавува
Иако повеќето го игнорираме, зуењето на ушите не е безопасно.
Може да се појача до тој степен што ќе ви ја наруши концентрацијата и нема да можете нормално да ги извршувате секојдневните обврски.
Затоа, на време проверете зошто се појавува.
Ова е листа на најчестите причини:
Апчиња
- големи дози на аспирин
- диуретик апчиња
- антималарични лекови
- одредени антибиотици
Разни здравствени состојби
- Губење на слухот заради превисока галама
- Губење на слухот предизвикано од старост
- Блокирање на ушните канали заради восок од ушите
- перфорација на тапанчето
- ушни или синусни инфекции
- Мејерерова болест
- проблеми со тироидната жлезда
- висок крвен притисок
- траума или повреда на главата или вратот
- тумори на мозокот
Зуењето се зголемува и во следниве случаи:
- Старост
- Мажите се почесто склони кон оваа појава
- Доколку сте пушач
- Доколку работите во гласна средина
Лекови кои може да помогнат:
Јадете храна богата со магнезиум или пијте го како додаток во исхраната. Докажано е дека магнезиумот помага против хроничното зуење на ушите.
Гинко билоба е уште една билка која може да ви помогне, бидејќи се смета за стимулатор на мозочните функции.
Натопете малку бадемово масло на парче памук и ставете ги облогите на ушите. Постапката може да ја повторувате колку сакате.
Кантарионот е исто така добар лек. Може да пиете чај од кантарион, масло или таблети.
И сусамот се препорачува доколку го имате овој проблем. Додадете го во оброците или јадете го во облик на алва.
Цинкот е уште еден одличен минерал кој може да ви помогне во борбата против зуењето. Внесувајте го преку свежа храна или како додаток во исхраната.
М. Д. | Црнобело