Зошто мажите треба редовно да посетуваат уролог?

Голем број мажи го поминуваат целиот живот без да посетат уролог или одат на уролог само кога е апсолутно неопходно и најчесто предоцна. Ретко кој маж има навика да оди на редовни прегледи кај уролог, иако тие прегледи се препорачуваат исто како гинеколошките за жените.

Zosto-mazite-treba-redovno-da-posetuvaat-urolog-01.jpg

Дали од страв дека докторот ќе им каже нешто што не сакаат да слушнат или од неинформираност, со непосетувањето на уролог мажите може сериозно да го занемарат своето здравје.

Нема одредена возраст кога треба да се почне со редовни прегледи. Кај помладите мажи најчести уролошки заболувања се воспалителните заболувања на мочниот канал и глансот на пенисот, како и воспалување на простатата или тестисите.

Честа појавата се и камења во бубрезите или мочните патишта. Во последно време има и пораст на малигните заболувања, особено загрижувачки е туморот на тестисите којшто се јавува меѓу 15 и 40 години од животот.

Зголемувањето на простата и карциномот на простата се јавуваат најчесто по 45 година. Можеме да се заклучиме дека мажите уште во младоста треба да посетат уролог, а особено по 50 годишна возраст.

Зошто треба да имате редовни прегледи кај уролог?

Болка во тестисите

Урологот може да увиди дали станува збор за торзија (увртување) на пенисот која се третира со итна хируршка интервенција. Болката во тестисите може да биде предизвикана и од тумор, инфекција или воспаление.

Алармантно е што канцерот на тестиси се јавува сè почесто и кај младата машка популација, а бидејќи мажите немаат навика да одат на уролог, најчесто се открива во доцна фаза од болеста.

Крв во урината

Ако само и еднаш сте забележале крв при мокрењето, веднаш закажете преглед на уролог. Крвта во урината може да биде и скриена и се детектира само со лабораториски тестови, затоа се потребни редовни контроли на уролог.

Ова може да биде еден од раните знаци на карцином на мочен меур или бубрезите, па со рана детекција може навремено да се третира.

Проблеми со мокрењето или потешкотии при уринирање

Веднаш закажете преглед со кој ќе се утврди причината за ваквата потешкотиите и ќе се одреди соодветен третман и лекови.

Машка неплодност

За да може да се востанови неплодноста кај мажот, треба да се направи преглед кај уролог и истата треба да биде контролирана редовно. Најчесто по откривањето на неплодноста и причините за истата доаѓа до решавање на проблемот и надминување на стерилитетот.

Посериозните случаи на стерилитет изискуваат инвазивни процедури со кои се решава неможноста за потомство.

За крај:

Уролошкиот преглед е многу едноставен безболен преглед. Прво преку разговор со урологот се утврдува дали постои одреден уролошки проблем, потоа со палпација се прегледуваат надворешните генитални органи и простата.

Потоа следува ехотомографски преглед со што се откриваат голем број од уролошките заболувања. Важно е да се запомни дека со вакви прегледи е возможно откривање на болестите во рана фаза, а со тоа можеме да се осигураме дека третманот ќе биде поефикасен и поедноставен.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg