Шампањ, чоколадо и цитрусна купка: Уникатни начини да ги избегнете есенските настинки

Топлото време полека исчезнува и станува сѐ посвежо, па ништо чудно ако околу вас постојано слушате кашлање и кивање.

shampanj-chokolado-i-citrusna-kupka-unikatni-nachini-da-gi-izbegnete-esenskite-nastinki-01.jpg

Повеќето мислат дека е уште рано за топлата облека и се храбри да излезат надвор како уште да е лето.

Но, на сите ни е добро познато дека меѓусезоните се период кога настинките се најзастапени токму поради таа причина.

Па, ако сакате да се заштитите од нив, но на пријатен и вкусен начин, почнете да практикувате некои од овие совети:

Чоколадо

Освен што чоколадото го подобрува расположението и помага во депресија, исто така и го зајакнува имунитетот.

shampanj-chokolado-i-citrusna-kupka-unikatni-nachini-da-gi-izbegnete-esenskite-nastinki-02.jpg

Гума за џвакање

Точно дека понекогаш може да предизвика дуење и оштетување на забите ако долго ги џвакате. Но, исто така и го прочистува грлото и спречува инфекции во устата, па неколку минути џвакање не би требало да влијаат лошо.

shampanj-chokolado-i-citrusna-kupka-unikatni-nachini-da-gi-izbegnete-esenskite-nastinki-03.jpg

Шампањ

Според француски доктор, шампањот помага во неутрализирање на токсините во телото, но не треба да се пие ладен.

За да го користите како „лек“, истурете една чаша шампањ во тавче, додадете лажичка мед и оставете да зовријат. Потоа оставете пијалакот малку да се излади и навечер испијте го.

shampanj-chokolado-i-citrusna-kupka-unikatni-nachini-da-gi-izbegnete-esenskite-nastinki-04.jpg

Не заборавајте да додадете куркума во храната 

Куркумата се користи како зачин, но многу малку луѓе знаат дека има голема моќ да го заштити организмот од настинки. Содржи состојки кои се доволно моќни да ги уништат бактериите и вирусите.

shampanj-chokolado-i-citrusna-kupka-unikatni-nachini-da-gi-izbegnete-esenskite-nastinki-06.jpg

Банана како додаток во ужините

Бананата ослободува од стрес и го подобрува расположението, што е исклучително важно кога сите околу вас се со лошо расположение заради настинките. Плус, бананата содржи витамин Ц, што му помага на телото да се справи со инфекциите.

shampanj-chokolado-i-citrusna-kupka-unikatni-nachini-da-gi-izbegnete-esenskite-nastinki-07.jpg

Многу јогурт

Заради високото ниво на пробиотик, јогуртот придонесува за зајакнување на имунитетот. Секојдневно консумирање на јогурт ќе биде значајно за телото во период на настинки.

shampanj-chokolado-i-citrusna-kupka-unikatni-nachini-da-gi-izbegnete-esenskite-nastinki-08.jpg

Зелен чај

Зелениот чај е богат со корисни состојки како јод, магнезиум, фосфор и цинк, па благодарение на нив, една шолја зелен чај ќе ви го зајакне имунитетот.

shampanj-chokolado-i-citrusna-kupka-unikatni-nachini-da-gi-izbegnete-esenskite-nastinki-09.jpg

Цитрусна купка

Барем еднаш неделно наполнете си ја кадата со топла вода и истурете сок од лимон и портокал (или искoристете сува кора). Аскорбинската киселина ќе го прочисти телото од инфекции, а освен тоа цитрусната купка е и добар антидепресив.

shampanj-chokolado-i-citrusna-kupka-unikatni-nachini-da-gi-izbegnete-esenskite-nastinki-10.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg